Слободните зони со позитивен ефект врз економијата

Bez autora
Sep 10 2015

Странските директни инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони имаат позитивен ефект врз економијата, но и домашните компании треба да ги уживаат истите поволности како и странските. Ова го покажа телефонската анкета која ја спроведе Здружението на млади аналитичари и истражувачи од Скопје според која повеќе од половина од граѓаните, односно 56 отсто, сметаат дека странските директни инвестиции имаат позитивно влијание врз македонската економија, наспроти 20,9 отсто кои не се согласуваат со овој став. Истовремено, дури 85,2 отсто од анкетираните сметаат дека и македонските компании треба да ги уживаат истите поволности, како и компаниите во технолошко-индустриските развојни зони. Анонимната телефонска анкета се состоеше од осум прашања и е правена на национален репрезентативен примерок од 1.118 граѓани, соопштија од Здружението на млади аналитичари и истражувачи.

Странските директни инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони имаат позитивен ефект врз економијата, но и домашните компании треба да ги уживаат истите поволности како и странските.

Ова го покажа телефонската анкета која ја спроведе Здружението на млади аналитичари и истражувачи од Скопје според која повеќе од половина од граѓаните, односно 56 отсто, сметаат дека странските директни инвестиции имаат позитивно влијание врз македонската економија, наспроти 20,9 отсто кои не се согласуваат со овој став. Истовремено, дури 85,2 отсто од анкетираните сметаат дека и македонските компании треба да ги уживаат истите поволности, како и компаниите во технолошко-индустриските развојни зони.

Анонимната телефонска анкета се состоеше од осум прашања и е правена на национален репрезентативен примерок од 1.118 граѓани, соопштија од Здружението на млади аналитичари и истражувачи.

Во однос на влијанието на владините промоции и патувања во странство за привлекување на странски директни инвестиции во земјава, мислењето на граѓаните е генерално поделено. За разлика од другите, половина од вработените во компаниите во технолошко-индустриските развојни зони сметаат дека владините промоции и патувања имаат големо влијание во привлекувањето на СДИ, додека пак мнозинството (56,7 отсто) сопственици на приватни бизниси сметаат дека влијанието од оваа промотивна активност е мало.

Спротивставени се и мислењата околу поволностите кои Владата ги дава на странските инвеститори. Така, повеќето од вработените во странски компании, односно 56,3 отсто, сметаат дека поволностите кои Владата ги нуди се оправдани, за разлика од сопствениците на приватни бизниси (со 66,7 отсто), како и студентите (со 63 отсто), кои не се согласуваат со овој став. Во однос на ослободувањето од данок на добивка за странските директни инвеститори во ТИРЗ, повеќето од испитаниците, или 52,6 отсто од граѓаните се против ваквата бенефиција. Ваквото гледиште е уште поизразено кај сопствениците на приватни бизниси, кои ја немаат оваа поволност (70 отсто од испитаниците), а слично е и кај вработените во приватен сектор, каде што 60,8 отсто од испитаниците сметаат дека не е оправдано ослободување на данокот на добивка за овие компании.

Дури 60,5 проценти од анкетираните сметаат дека работните места отворени во технолошко-индустриските зони не се доволно платени. Единствено студентите не се согласуваат со овој став - 67,4 отсто од нив сметаат дека вработените во овие компании се добро платени.

Општата јавност е поделена и по прашањето „Дали придобивките од странските директни инвестиции се поголеми од трошоците за нивно привлекување?“, при што 53,3 отсто од категоријата магистрите/доктори на науки се изјасниле дека трошоците за привлекување на странски директни инвестиции се поголеми од придобивките кои ги има државата.

Сепак, и покрај различните ставови и поделеноста околу повеќе прашања, 74,8 отсто од анкетираните сметаат дека е потребно отворање нови технолошко-индустриски развојни зони.

Анкетата е спроведена во рамки на проектот „Влијанието на владините субвенции за странски директни инвестиции, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст“. Ова е прв ваков проект што се спроведува од невладина организација, а е дел од проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Здружението на млади аналитичари и истражувачи е основано од седум статистичари, кои за себе велат дека основна дејност им е изработка и спроведување на статистички и економетриски истражувања што ќе служат како основа за градење јавни политики и информирање на истражувачката и пошироката јавност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik