Словенија и Северна Македонија најмногу профитираа од косовските такси

Bez autora
May 05 2019

Косовската рампа на стоки од Србија, која на српската економија годишно ѝ прави штета од 500 милиони евра, направила добра работа за соседите, но и за најразвиените економии во светот. Според податоците на кои весникот се повикува, Косово во февруари оваа година го зголемил увозот за 13,4 отсто, односно 27 милиони евра во однос на февруари 2018 година. Набавките најмногу се зголемени од Словенија, која во однос на минатата година, на фирмите од Косово им продала стоки за 9,3 милиони евра повеќе. На второто место е Северна Македонија, која во февруари во Косово пласирала седум милиони евра повеќе стоки од истиот период лани.

Словенија и Северна Македонија најмногу профитираа од косовските таксиКосовската рампа на стоки од Србија, која на српската економија годишно ѝ прави штета од 500 милиони евра, направила добра работа за соседите, но и за најразвиените економии во светот, пишува српски „Блиц“.

Според податоците на кои весникот се повикува, Косово во февруари оваа година го зголемил увозот за 13,4 отсто, односно 27 милиони евра во однос на февруари 2018 година.

Набавките најмногу се зголемени од Словенија, која во однос на минатата година, на фирмите од Косово им продала стоки за 9,3 милиони евра повеќе. На второто место е Северна Македонија, која во февруари во Косово пласирала седум милиони евра повеќе стоки од истиот период лани.

Следуваат Албанија и Турција, од каде што Косово ги зголеми набавките за шест милиони евра. Петото и шестото место го делат Германија и Кина. Тие го зголемиле извозот во Косово на вкупно пет милиони евра. Значително зголемување од речиси 1,5 милион евра забележала и Хрватска, а раст од 400.000 евра имале и фирми од Црна Гора.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik