Со „капка по капка“ просечните приноси на пченка тројно зголемени

Bez autora
Dec 18 2016

Откако ги препознаа придобивките од наводнувањето со системот „капка по капка“, земјоделците почнаа сами да инвестираат во оваа технологија, но и со помош на државните субвенции, рече вчера директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стаин, кој заедно со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада присуствуваше на земјоделскиот саем „Тракторијада 2016“ во Могила. Стаин нагласи дека во Македонија на повеќе од 300 фарми и 800 хектари со пченка и сончоглед се употребува „капка по капка“ поради што просечните приноси на зрно од 13 тони по хектар и на силажа од 87 тони се тројно поголеми од националниот просек. Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, помогна да се модернизира производството на пченка во Македонија со комбинација од ’капка по капка‘ наводнување и добри земјоделски практики, истакна Стаин.

Со „капка по капка“ просечните приноси на пченка тројно зголемени„Откако ги препознаа придобивките од наводнувањето со системот „капка по капка“, земјоделците почнаа сами да инвестираат во оваа технологија, но и со помош на државните субвенции“, рече вчера директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стаин, кој заедно со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада присуствуваше на земјоделскиот саем „Тракторијада 2016“ во Могила.

Стаин нагласи дека во Македонија на повеќе од 300 фарми и 800 хектари со пченка и сончоглед се употребува „капка по капка“ поради што просечните приноси на зрно од 13 тони по хектар и на силажа од 87 тони се тројно поголеми од националниот просек.

„Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, помогна да се модернизира производството на пченка во Македонија со комбинација од ’капка по капка‘ наводнување и добри земјоделски практики“, истакна Стаин.

Според Техада, преку иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“, домашното производство е зголемено за 7.000 тони годишно, што е околу 11 отсто од потребното за целосна замена на увозната пченка во државата. Годинашниот земјоделскиот саем „Тракторијада 2016“ беше организиран од Општина Могила и Локалната акциска група ПеЛАГонија, со финансиска поддршка на УСАИД и Владата на Швајцарија.

Паралелно со саемот се одржа и завршната манифестација посветена на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, „Да одгледуваме повеќе пченка“, кофинансиран од владата на Швајцарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik