Околу 9.000 лица досега добиле работа преку проектот „Македонија вработува“. Над 5.000 фирми ги искористиле поволностите за ангажирање на кадар на кои му исплаќаат само нето-плата, без обврска за придонеси. Отворен е и конкурсот за вработување на лица со посебни потреби, за практиканство, и во моментов околу 200 лица се на обука кај познат работодавец, а уште 500 пројавиле интерес. Сепак проблем на пазарот на трудот и натаму остануваат занаетите. Во моментов имаме проблем со недостиг на некои вештини, квалификации на пазарот на трудот како што се во најголем дел занаетчиски дејности и вештини, потоа лимари, заварувачи и слично, истакна Влатко Поповски, директорот на АВРМ, на трибината „Странски инвестиции и вработувања“. Тој додаде дека голем број вработувања се реализирани и во странските компании, а нивниот влез во земјава донесе нови знаења и технологии особено во ИТ секторот.
Околу 9.000 лица досега добиле работа преку проектот „Македонија вработува“. Над 5.000 фирми ги искористиле поволностите за ангажирање на кадар на кои му исплаќаат само нето-плата, без обврска за придонеси.
Отворен е и конкурсот за вработување на лица со посебни потреби, за практиканство, и во моментов околу 200 лица се на обука кај познат работодавец, а уште 500 пројавиле интерес. Сепак проблем на пазарот на трудот и натаму остануваат занаетите. „Во моментов имаме проблем со недостиг на некои вештини, квалификации на пазарот на трудот како што се во најголем дел занаетчиски дејности и вештини, потоа лимари, заварувачи и слично“, истакна Влатко Поповски, директорот на АВРМ, на трибината „Странски инвестиции и вработувања“.
Тој додаде дека голем број вработувања се реализирани и во странските компании, а нивниот влез во земјава донесе нови знаења и технологии особено во ИТ секторот. „За 2016 година се обезбедени средства за тренинг и реобука на 220 ИТ специјалисти кои ќе бидат во голема мера вработени од овие ИТ компании“, истакна Климент Шеќеровски, заменик-директор на Агенцијата за странски инвестиции.
До крајот на годинава вкупниот број на вработени во зоните треба да достигне 6.000, а исто толку работни места се отворени преку мерките на АВРМ и приватните фирми.