Руската компанија „Солвеј“, во чија сопственост се рудниците „Бучим“ и „Саса“, вложува околу 200 милиони долари во отворањето на уште два нови рудника за бакар и во една фабрика за лужење и производство на катоден бакар. Во рудникот „Кадиица метали“ кај Пехчево ќе бидат инвестирани сто милиони долари, а во рудникот „Боров дол“, кој зафаќа територија на општините Конче и Штип, компанијата влезе со проект тежок 70 милиони долари. Во фабриката за лужење и производство на катоден бакар, во близина на рудникот „Бучим“ инвестицијата од 11 милиони долари е целосно реализирана и од се очекува во декември првото производство на катоден бакар. Четиримесечните геолошки истражувања на месноста Кадиица кај Пехчево даваат мошне ветувачки резултати во однос на присуството на бакар на оваа локација. Благодарејќи на поволните временски услови работниците на бугарската фирма „Геопс“ бушеа на 14 места при што се избушени вкупно 2.700 метри со просечна длабочина на секоја бушотина од околу 200 метри.
Руската компанија „Солвеј“, во чија сопственост се рудниците „Бучим“ и „Саса“, вложува околу 200 милиони долари во отворањето на уште два нови рудника за бакар и во една фабрика за лужење и производство на катоден бакар.
Во рудникот „Кадиица метали“ кај Пехчево ќе бидат инвестирани сто милиони долари, а во рудникот „Боров дол“, кој зафаќа територија на општините Конче и Штип, компанијата влезе со проект тежок 70 милиони долари. Во фабриката за лужење и производство на катоден бакар, во близина на рудникот „Бучим“ инвестицијата од 11 милиони долари е целосно реализирана и од се очекува во декември првото производство на катоден бакар.
Четиримесечните геолошки истражувања на месноста Кадиица кај Пехчево даваат мошне ветувачки резултати во однос на присуството на бакар на оваа локација. Благодарејќи на поволните временски услови работниците на бугарската фирма „Геопс“ бушеа на 14 места при што се избушени вкупно 2.700 метри со просечна длабочина на секоја бушотина од околу 200 метри.
„Врз база на направените лабораториски анализи уште сега можеме да кажеме дека во Кадиица имаме мошне ветувачки резултати во однос на количините и квалитетот на бакарот кој го има на ова подрачје. Нашиот оптимизам дека кај Пехчево ќе никне нов рудник за оксиден бакар сега е уште поголем“, вели Николајчо Николов, управител на новоформираната фирма „Кадиица метали“ и заменик генерален директор на рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш.
„Кадиица метал“ во Министерството за економија има пријавено план за тековната година со кој се обврзува да направи бушотини во вкупна длабочина од 2.400 метри. Но, доброто време, опремата и квалификуваните работници овозможија натфрлување на обврската која, во однос на геолошките истражувања ја презеде новата фирма на руската компанија „Солвеј“.
„До крајот на годинава, под услов и натаму да имаме време без поголеми снежни врнежи, планираме да направиме нови бушотини со длабочина од 3.000 метри. Нашиот сегашен план е процесот на бушење да го завршиме до крајот на идната година, до кога ќе го имаме и елаборатот кој ќе го доставиме до Министерството за економија заедно со барањето за концесија за експлоатација на рудата, а во 2013 година да започнеме со изградба на фабриката за лужење на бакарните оксидни руди. Ако се' биде добро, како што е сега, тогаш за две до најмногу три години кај Пехчево ќе имаме нов рудник во кој ’Солвеј‘ инвестира сто милиони долари и каде ќе има работа за 150 до 200 работници од Пехчево и околината“, вели Николов.
И, додека на Кадиица е сосема сигурно дека ќе никне нов рудник за бакар, новата фабрика за лужење на катоден бакар во близина на „Бучим“ си ја врши работата, а првите количини катоден бакар ќе го видат светлото на денот веќе идниот месец.
„За нас производството на бакар по пат на лужење е од исклучително значење поради фактот дека бакар добиваме со примена на технологија која производството го прави за 50 проценти поевтино од класичниот начин на производство. Со тоа добиваме една сигурност дека и во време на економска криза и пад на цените на овој метал на светската берза полесно ќе ги пребродуваме проблемите. На ваков начин ќе добиваме годишно производство од 2.500 тони, што заедно со производството на бакар од ’Бучим‘ на светскиот пазар на метали ќе понудиме 10.500 тони“, вели Николов.
Во источниот дел на Македонија каде се наоѓаат сите поголеми рудници на обоени метали („Злетово“, „Саса“, „Бучим“, „Тораница“) со посебен интерес се очекува и стартот на геолошките истражувања на месноста „Боров дол“, каде концесијата ја доби новоформираната фирма под истото име. На овој локалитет вредно работат археолози организирани од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип. Со оглед на фактот дека на овој простор се детектирани значајни археолошки наоѓалишта, археолозите имаат задача да го соберат вредниот археолошки материјал за да направат место за геолошки истражувања. Според Николов, археолозите треба да си заминат на пролет кога ќе стартуваат геолозите.