Од 1 јануари НБМ воведува мерки за забавување на растот на долгорочните потрошувачки кредити, но и на салдата на кредитните картички и трансакциските сметки. Одобрувањето на потрошувачките кредити со рок на отплата над осум години по Нова година ќе биде потешко, откако Народната банка на Македонија денеска најави мерки со кои на банките им се зголемува капиталното барање за таа намена. Слична мерка е најавена и за салдата на кредитните картички и минусите на трансакциските сметки, поради стравувањето дека ограничувањето за долгорочните потрошувачки кредити ќе ги пренасочи задолжувањата на граѓаните. Причината за мерките, според НБМ е да се ограничат потенцијалните ризици од забрзаниот раст на долгорочните потрошувачки кредити, односно за да се влијае превентивно на сигналите за можните идни растечки ризици од овие кредити.
Од 1 јануари НБМ воведува мерки за забавување на растот на долгорочните потрошувачки кредити, но и на салдата на кредитните картички и трансакциските сметки.
Одобрувањето на потрошувачките кредити со рок на отплата над осум години по Нова година ќе биде потешко, откако Народната банка на Македонија денеска најави мерки со кои на банките им се зголемува капиталното барање за таа намена. Слична мерка е најавена и за салдата на кредитните картички и минусите на трансакциските сметки, поради стравувањето дека ограничувањето за долгорочните потрошувачки кредити ќе ги пренасочи задолжувањата на граѓаните.
Причината за мерките, според НБМ е да се ограничат потенцијалните ризици од забрзаниот раст на долгорочните потрошувачки кредити, односно за да се влијае превентивно на сигналите за можните идни растечки ризици од овие кредити.
„Во последните две години се забележува брз раст на потрошувачките кредити, пред се на оние со рочност над десет години, чијашто годишна стапка на раст во септември годинава достигнала 47,5 отсто. Кај нефункционалните потрошувачки кредити растот е умерен, но се забрзува во последните месеци“, велат од НБМ.
Од таму објаснуваат дека мерката не значи дека банките ќе престанат да даваат потрошувачки кредити со подолги рокови. Сепак, реално е да се очекува дека банките ќе го следат сигналот нацентралната банка и ќе придонесат за забавување на брзиот раст на овие кредити.
Според објасбнувањето од НБМ, со мерката се зголемува капиталното барање за банките за долгорочните потрошувачки кредити со рок еднаков или подолг од осум години. За да не се предизвикаат поголеми потреси на пазарот на потрошувачкото кредитирање, а сепак стапките на раст да се сведат на умерено ниво, оваа мерка е насочена само кон новоодобрените долгорочни потрошувачки кредити, односно кредитите со рок еднаков или подолг од осум години одобрени по 1.1.2016 година, при што се опфатени и пролонгациите и реструктурирањата.
Затегнат е вентилот кон другите начини за задолжување - како што се кредитните картички и минусите на трансакциските сметки.
„За да се спречи можноста од пренасочување на задолжувањето кон кредитните картички и пречекорувањата на трансакциските сметки се воведува и повисоко капитално барање и за растот на пречекорувањата на трансакциските сметки и кредитните картички остварен во однос на 31 декември годинава“, се вели во соопштениетоп на НБМ. Од таму додаваат дека и во овој случај, мерката не се однесува на постојниот износ на одобрени и искористени дозволени пречекорувања на трансакциските сметки и кредитните картички, туку придонесува за евентуално нивно натамошно зголемување.
Од НБМ очекуваат дека новите мерки ќе придонесат да се олесни пристапот на правните лица, пред с? на малите и средните претпријатија до финансиските услуги. За таа цел, како што соопштија од НБМ, се намалува капиталното барање за издадените гаранции од страна на банките со кои се гарантира плаќање врз основа на одреден деловен однос на клиентот и за побарувањата на банките коишто се обезбедени со деловен простор којшто исполнува определени услови.