Соработката меѓу домашните фирми и странските компании кои работат во слободните економски зони минатата година била во вредност од околу 46 милиони евра. Но, има простор оваа соработка да се зголемува и да се проширува, со што ќе расте и вредноста на средствата за извоз на домашни стоки и услуги кон овие компании. На денешната средба меѓу директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, ДТИРЗ, и директорите на 15 компании лоцирани во технолошко - индустриските развојни зони, се разговараше за најновите законски измени, за начините на поедноставување на начинот за отворање на фирми во зоните, за олеснување на царинските процедури, потребите од одредена структура на работна сила, како и за можностите за подобрување на соработката со домашните компании.
Соработката меѓу домашните фирми и странските компании кои работат во слободните економски зони минатата година била во вредност од околу 46 милиони евра. Но, има простор оваа соработка да се зголемува и да се проширува, со што ќе расте и вредноста на средствата за извоз на домашни стоки и услуги кон овие компании.
На денешната средба меѓу директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, ДТИРЗ, Виктор Мизо, и директорите на 15 компании лоцирани во технолошко - индустриските развојни зони, се разговараше за најновите законски измени, за начините на поедноставување на начинот за отворање на фирми во зоните, за олеснување на царинските процедури, потребите од одредена структура на работна сила, како и за можностите за подобрување на соработката со домашните компании.
„Вакви средби се одржуваат најмалку еднаш квартално и се разговара за состојбите и за потребите на компаниите во насока на подобрување на бизнис климата, што би го зголемило нивното производство и би ги олесниле законските процедури“, изјави Мизо.
На вчерашниот состанокот присуствуваа претставници на компани од двете економски зони во Скопје, како и од зоните во Тетово, Кичево, Охрид, Прилеп, Штип и Струмица.
Според Аврам Стојчевски од „Ванхул“, во наредниот период ќе отворат тренинг центар за вештини кои ги побарува оваа индустрија, а што ќе можат да го искористат сите компании во Македонија. „’Ванхул’ соработува со над 150 домашни компании, кои освен услуги и материјал, обезбедуваат и репроматеријали“, посочи Стојчевски.
Инаку, за десетте месеци од минатата година, компаниите кои работат во ТИРЗ-овите имаа остварено извоз од 1,2 милијарди евра, а се прогнозира дека бројките за извозот од зоните ќе покажат вредност од околу
1,5 милијарди евра за цела 2015 година. Според Мизо, с` поголем е бројот на компаниите како што размислуваат да се лоцираат во Македонија и дека има потреба за зголемување на бројот на зоните.
Според последните податоци од странските инвеститори, вкупните вработувањз во зоните се околу 5.000, а очекувањата на Владата се дека годинава ќе бидат ангажирани уште 1.000 до 2.000 лица.