Соработката на малите фирми со економските зони вреди 50 милиони евра

Bez autora
Sep 18 2016

Педесетина милиони евра годишно изнесува вкупната вредност на испораките кои ги прават домашните фирми кон компаниите во технолошко-индустриските развојни зони. Станува збор за околу 500 домашни компании, кои директно соработуваат со странските инвеститори во економските зони. Потенцијалот за соработка не е целосно искористен, беше оценето вчера на Конференцијата за вмрежување на компаниите од македонската лесна металопреработувачка индустрија со странски купувачи што се одржа во Скопје, чија цел беше поттикнување на соработката на домашните со странските компании. Како што истакна министерот за финансии Кирил Миноски, со цел да се помогне што побрзо домашните компании да се вклучат во синџирот на добавувачи, странските компании треба да соработуваат со нив преку пренесување искуства за тоа како да ги надградат своите производствени способности, како да го унапредат производството, да применуваат нови технологии, како и соодветно да ги развиваат човечките ресурси.

Соработката на малите фирми со економските зони вреди 50 милиони евраПедесетина милиони евра годишно изнесува вкупната вредност на испораките кои ги прават домашните фирми кон компаниите во технолошко-индустриските развојни зони. Станува збор за околу 500 домашни компании, кои директно соработуваат со странските инвеститори во економските зони. Потенцијалот за соработка не е целосно искористен, беше оценето вчера на Конференцијата за вмрежување на компаниите од македонската лесна металопреработувачка индустрија со странски купувачи што се одржа во Скопје, чија цел беше поттикнување на соработката на домашните со странските компании.

Како што истакна министерот за финансии Кирил Миноски, со цел да се помогне што побрзо домашните компании да се вклучат во синџирот на добавувачи, странските компании треба да соработуваат со нив преку пренесување искуства за тоа како да ги надградат своите производствени способности, како да го унапредат производството, да применуваат нови технологии, како и соодветно да ги развиваат човечките ресурси.

„Кога македонските фирми ќе станат дел од синџирот на добавувачи на глобалните компании, тие ќе добијат пристап и до глобалниот пазар преку постојниот синџир на добавувачи на мултинационалните компании“, истакна Миноски и додаде дека компаниите имаат партнер во Владата која презема низа мерки за воспоставување одлична бизнис-клима.

Поврзувањето на малите компании со големите произведувачи, според американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли значи поттикнување на економскиот раст и вработувањето.

Тој истакна дека неколку македонски компании врз основа на базата на податоци за производите на над 200 македонски компании од лесната индустрија имаат потпишано долгорочни договори за соработка.

„САД веќе 10 години го поддржува развојот на лесната индустрија во Македонија. На пример, проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси работење со индустријата и институциите на создавање дата база чија цел е прибирање и промовирање на податоците за производите на преку 200 македонски компании од овој сектор. Ова споделување на информации е важен ресурс за економските промотори кои работат на привлекување странски инвеститори“, истакна Бејли.

Швајцарскиот амбасадор Сибил Сутер потенцира дека постои потенцијал кај компаниите во Македонија да станат добавувачи на странските компании, но дека за тоа им треба поддршка.

Таа додаде дека Швајцарија ја поддржува оваа индустрија 13 години и оти од таа поддршка се произлезени соработки на 30 компании кои учествувале на саеми и имаат извоз во ЕУ и Швајцарија. Дополнително е помогнато и да ги подобрат производите кои треба да одговараат на потребите на добавувачите.

Холандскиот амбасадор во земјава Ваутер Пломб потенцира дека странските инвестиции во Македонија и во другите земји од Западен Балкан се главен двигател на развојот, но смета дека Македонија треба да ги достигне другите земји од регионот по влез на странски инвестиции и оти за тоа е важна политичката и економската стабилност и изборите во декември.

Марта Наумовска-Грнарова, претседател на Асоцијација на метална и електроиндустрија, посочи дека за компаниите од металната индустрија е од големо значење отворањето на странските пазари, а конференцијата е можност за почеток на некаква соработка.

„Нашите производите се пред се' наменети за извоз и неопходна ни е помош во тој сегмент, бидејќи полесно е да се пробива пазарот заеднички отколку секој поединечно“, додаде таа.

Конференцијата е во организација на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од владата на Швајцарија, Асоцијација на метална и електроиндустрија МАМЕИ и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ со поддршка на Германската стопанска комора во РМ, Американската стопанска комора во РМ, Амбасадата на Холандија во РМ и Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. На конференцијата беше најавено присуство на 48 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи. Во текот на конференцијата беа одржани и околу 140 деловни состаноци меѓу компаниите од кои се очекуваат нови бизнис-зделки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik