Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје го зголеми своето сопственичко учество во друштвата Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, преку купување на дополнителен пакет обични акции со право на глас. Со донесеното Решение од страна на Комисијата за хартии од вредност и со реализација на трансакцијата за стекнување на акциите, банката го зголеми своето портфолио на акции во Македонска Берза АД Скопје од 6,02 на 15,97 отсто, додека преку купување дополнителен пакет акции го зголеми и своето учество во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје од 5,95 на 19,98 проценти.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје го зголеми своето сопственичко учество во друштвата Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, преку купување на дополнителен пакет обични акции со право на глас.
Со донесеното Решение од страна на Комисијата за хартии од вредност и со реализација на трансакцијата за стекнување на акциите, банката го зголеми своето портфолио на акции во Македонска Берза АД Скопје од 6,02 на 15,97 отсто, додека преку купување дополнителен пакет акции го зголеми и своето учество во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје од 5,95 на 19,98 проценти.
Долгорочно вложувајќи,банката очекува позитивен развој на пазарот на капитал во Македонија, како и позитивни финансиски резултати на наведените друштва.
Со ваквиот инвестициски чекор Шпаркасе Банка Македонија ја покажува својата доверба во институциите кои го водат пазарот на капитал и воедно придонесува за негов понатамошен развој, како и развој на целокупното економско окружување во државата.