Средства од ЕИБ за компании со иновативни проекти

Bez autora
Dec 01 2016

Македонските компании може да аплицираат со иновативни проекти за добивање финансиски средства од Европската инвестициска банка. Средствата се во висина од над 24 милијарди евра и тие можат да се искористат до 2020 година, а се наменети најмногу за малите и средните компании од Западен Балкан кои имаат иновативни и развојни проекти. Како што информираше извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов, на вчерашната прес-конференција, финансиски средства се издвоени и за пилот-проекти во областа на обновливите извори на енергија, проекти за вакцини, лекови, медицински и дијагностички уреди.

Средства од ЕИБ за компании со иновативни проектиМакедонските компании може да аплицираат со иновативни проекти за добивање финансиски средства од Европската инвестициска банка.

Средствата се во висина од над 24 милијарди евра и тие можат да се искористат до 2020 година, а се наменети најмногу за малите и средните компании од Западен Балкан кои имаат иновативни и развојни проекти.

Како што информираше извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов, на вчерашната прес-конференција, финансиски средства се издвоени и за пилот-проекти во областа на обновливите извори на енергија, проекти за вакцини, лекови, медицински и дијагностички уреди.

„Регионално, активностите на ЕИБ се прошируваат со фокус на компании со иновативни проекти. Поточно, утврдени се и категоризирани неколку сегменти за финансирање: банки и финансиски посредници, средни и големи иновативни бизниси, како и големи истражувачки и иновациски проекти кои произлегуваат од универзитетите и истражувачките организации“, рече Алексов.

Финансирањето ќе се одвива преку банките, поради што тие во следниот период би требало да се концентрираат на иновативните компании и проекти.

Европската инвестициска банка досега преку четири транши има одвоено средства во вкупна вредност од 350 милиони евра за македонските компании, а искористеноста е задоволителна.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik