Вториот пензиски столб за првите два месеци од годинава добил нови 5.697 членови. Во двата задолжителни пензиски фонда, заклучно со февруари членуваат 432.722 осигуреници, за разлика од крајот на декември лани, кога имало 427.025 членови. Ова го покажува најновиот месечен билтен објавен на сајтот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) за работата на задолжителните и доброволните пензиски друштва. Според податоците, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд на крајот на февруари брои 225.616 членови, додека во НЛБ пензиски фонд има 222.758 осигуреници. Доколку се спореди со истиот период лани, тогаш може да се забележи дека во првите два месеци од годинава во двата фонда се зачлениле двојно повеќе осигуреници од првите два месеци минатата година. Односно, лани во јануари и февруари фондовите добиле само 2.239 нови членови.
Вториот пензиски столб за првите два месеци од годинава добил нови 5.697 членови. Во двата задолжителни пензиски фонда, заклучно со февруари членуваат 432.722 осигуреници, за разлика од крајот на декември лани, кога имало 427.025 членови. Ова го покажува најновиот месечен билтен објавен на сајтот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) за работата на задолжителните и доброволните пензиски друштва.
Според податоците, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд на крајот на февруари брои 225.616 членови, додека во НЛБ пензиски фонд има 222.758 осигуреници. Доколку се спореди со истиот период лани, тогаш може да се забележи дека во првите два месеци од годинава во двата фонда се зачлениле двојно повеќе осигуреници од првите два месеци минатата година. Односно, лани во јануари и февруари фондовите добиле само 2.239 нови членови.
Извештајот покажува дека двата задолжителни фонда на крајот на февруари годинава „тежеле“ вкупно околу 811 милиони евра. Од овие средства на сметката на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд имало околу 434 милиони евра, додека на НЛБ пензискиот фонд му припаѓаат 377 милиони евра.
За два месеци нето-средствата на двата задолжителни фондови пораснале за околу 31 милиони евра, односно во декември лани во двете друштва имало околу 781 милион евра. Вредноста на сметководствената единица во февруари кај НЛБ пензискиот фонд изнесувала 182,845767, додека кај КВ Прв отворен пензиски задолжителен фонд е 188,331647.
Февруарскиот билтен покажува и интересни разлики меѓу двете друштва каде ги вложиле и во колкав процент средствата што членовите ги уплаќаат во фондовите како пензиски придонес. Така, НЛБ пензиски фонд најголемиот дел од парите ги оплодил во обврзници од домашни издавачи и тоа за 58,41 отсто, потоа во инвестициски фондови од странски фирми и тоа 11,85 отсто, па следуваат 11,33 отсто во акции од странски издавачи и депозитите со 11, 21 отсто, додека во акции од домашни издавачи се вложени 4,15 отсто. Во краткорочни хартии од домашни издавачи не е вложен ниту денар, иако во декември во овој сектор биле вложени 1,43 отсто од парите на членовите. КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, исто така, најголем дел од средствата на осигурениците ги вложил во обврзници од домашни издавачи и тоа 63, 28 отсто и во инвестициски фондови од странски издавачи – 29,50 отсто. Во депозити се оплодени 3,98 отсто, додека во акции од домашни фирми само 2,00 отсто. Овој фонд и во февруари како и во декември лани не инвестирал во акции и обврзници од странски издавачи, ниту во краткорочни хартии од домашни издавачи.
Во третиот пензиски столб, или во доброволните пензиски фондови, според февруарскиот билтен во двете друштва има вкупно 23.044 членови, од кои 9.222 осигуреници се на НЛБ отворен доброволен пензиски фонд, а 13.822 членуваат во КБ прв отворен доброволен пензиски фонд. Нето средствата на двата доброволни фондови се околу 17,1 милион евра, од кои околу 7,8 милиони се на НЛБ доброволен пензиски фонд, а околу 9,2 милиони евра се на КБ прв отворен доброволен пензиски фонд.