Српските туристи сѐ повеќе ја посетуваат Македонија

Bez autora
Feb 21 2016

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија од 18 до 21 февруари ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија. Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за време на саемот остварија средба со цел соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури од типот на виски и културни.

Српските туристи сѐ повеќе ја посетуваат МакедонијаАгенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија од 18 до 21 февруари ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија.

Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за време на саемот остварија средба со цел соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури од типот на виски и културни.

Бројот на туристи од Србија во Македонија бележи константен раст од 4-6% на годишно ниво во последните пет години, а за наредната година приватниот сектор од двете земји очекува тој тренд на раст да продолжи.

За 2016-та година земја партнер на саемот за туризам во Белград е Република Словенија, додека идната година е предвидено да биде Република Црна Гора.

Очекувањата се дека во 2018-та година Македонија ќе биде земја партнер на белградскиот саем за туризам.

Саемот за туризам во Белград кој има 30 годишна традиција и оваа година им посака добредојде на повеќе од 1000 излагачи, а само првиот ден броеше над 60 000 посетители. Ова е прв саем годинава на кој Република Македонија ќе ги претстави своите потенцијали, а наредниот месец тоа ќе го стори на саем за туризам во Ниш.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik