Капиталните проекти и мерки за стимул на градежништвото го продолжуваат позитивниот тренд на овој сектор кој ќе биде столб на економскиот развој и во наредните четири години. Во пресрет на Меѓународен сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, градежните компании одржаа средба на која се обрати претседателот на Градежната комора на Македонија, Роберт Хот. Тој истакна дека се очекуваат нови бизнис-контакти и соработка меѓу претставниците на градежниот сектор, банкарите, градоначалниците на општините како и граѓаните. Годинава, овој сектор се очекува да оствари раст од 5,2 проценти, како резултат на планираните инфраструктурни проекти. Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е обезбедена финансиска конструкција, што влева сигурност. Дополнителен придонес на зголемување на капацитетите на градежниот сектор имаат и проектите ’Купи куќа, купи стан‘ и ’Купи куќа за млади‘. Сепак, градежниците, како и другите стопанственици го чувствуваат притисокот од политичката криза. За нив е важно да има стабилност, континуитет и предвидливост, да се реализираат капиталните вложувања, граѓаните да се сигурни при правењето долгорочни инвестиции, како што е купувањето стан или куќа“, рече Хот.
Капиталните проекти и мерки за стимул на градежништвото го продолжуваат позитивниот тренд на овој сектор кој ќе биде столб на економскиот развој и во наредните четири години.
Во пресрет на Меѓународен сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, градежните компании одржаа средба на која се обрати претседателот на Градежната комора на Македонија, Роберт Хот. Тој истакна дека се очекуваат нови бизнис-контакти и соработка меѓу претставниците на градежниот сектор, банкарите, градоначалниците на општините како и граѓаните.
„Годинава, овој сектор се очекува да оствари раст од 5,2 проценти, како резултат на планираните инфраструктурни проекти. Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е обезбедена финансиска конструкција, што влева сигурност. Дополнителен придонес на зголемување на капацитетите на градежниот сектор имаат и проектите ’Купи куќа, купи стан‘ и ’Купи куќа за млади‘. Сепак, градежниците, како и другите стопанственици го чувствуваат притисокот од политичката криза. За нив е важно да има стабилност, континуитет и предвидливост, да се реализираат капиталните вложувања, граѓаните да се сигурни при правењето долгорочни инвестиции, како што е купувањето стан или куќа“, рече Хот.
Инаку, 14. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7. Меѓународен саем на недвижности – „Реал експо“, ќе се одржат од 28 февруари до 4 март, на „Скопски саем“.
На Саемот на градежништво ќе има понуда на производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, беше кажано вчера на прес конференција. Бројот на изложувачи и оваа година е забележителен, со голем број на компании кои ќе бидат распоредени во три саемски хали. Целта на Саемот на градежништво е да го задржи и промовира растот на оваа стопанска гранка и да им понуди на посетителите директен пристап до најдобрите компании кои функционираат во овој сектор. Воедно, саемот се очекува да привлече и голем број на експерти кои ќе ја имаат можноста да се запознаат со новите трендови во градежништвото.
На Саемот за недвижности „Реал експо“ ќе учествуваат голем број компании кои ќе ги изложат своите понуди за станбени објекти. На овој саем посетителите ќе ја имаат можноста да разгледаат голем опус на станови како една од најважните животни одлуки.
За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе имаат можност да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.
Во рамките на Саемот, на 3 март од 15 часот ќе се одржи и трибина на тема „Вредноста на македонската архитектура денес“ во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и „Скопски саем“.
Промоцијата на енергетската ефикасност на Саемот на градежништво е поддржано од амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку програмата за зголемување на пазарното вработување ИМЕ.