Намалување на каматните стапки на наменските кредити за компаниите кои се извозно ориентирани и зголемување на средствата за жените претприемачи во следната година. Тоа е дел од новиот пакет од 65 предлог-мерки од Сојузот на стопански комори на Македонија, ССК, кои ќе бидат доставени на разгледување до Владата. Мерките се креирани од 19 секторски и регионални стопански комори и претставуваат дел од предизвиците со кои се соочуваат компаниите во изминатата година. Тие се структурирани во неколку категории: фискална политика, законска регулатива и административни бариери, градежништво и недвижности, енергетика, унапредување на пазарот на труд, трговија, како и развој на ИКТ секторот, изјави претседателката на ССК, Даниела Арсовска, по денешната годишна седница на Собранието на ССК.
Намалување на каматните стапки на наменските кредити за компаниите кои се извозно ориентирани и зголемување на средствата за жените претприемачи во следната година. Тоа е дел од новиот пакет од 65 предлог-мерки од Сојузот на стопански комори на Македонија, ССК, кои ќе бидат доставени на разгледување до Владата.
„Мерките се креирани од 19 секторски и регионални стопански комори и претставуваат дел од предизвиците со кои се соочуваат компаниите во изминатата година. Тие се структурирани во неколку категории: фискална политика, законска регулатива и административни бариери, градежништво и недвижности, енергетика, унапредување на пазарот на труд, трговија, како и развој на ИКТ секторот“, изјави претседателката на ССК, Даниела Арсовска, по денешната годишна седница на Собранието на ССК.
Од ССК апелираат сите страни да се концентрираат на надминување на проблемите со кои се соочува бизнис-секторот и на стимулирање и поголема продуктивност на бизнис-заедницата.
На прашањето како политичката криза во државата ќе се одрази врз економијата, Арсовска одговори дека неизбежен е фактот оти кризата има влијание врз бизнис-секторот.
„За жал, сите компании кои имале развојни проекти и одредени инвестиции што ги планирале за годинава и за 2016 година, ги прават своите проекции без овие проекти, поради тоа што гледаат неизвесност на целата ситуација што се случува“, нагласи таа.