Зголемување на минималната плата, а со тоа и на просечните плати, како и намалување на времетраењето на договорите за вработување на определено време, од пет, на две или три години, се дел од задачите во Предлог - протоколот за социјален напредок на Сојузот на синдикати на Македонија, ССМ. Документот предвидува и започнување на дебати и на анализи за проширување на правилникот за бенифициран стаж, најмногу за работниците во градежништвото, текстилната индустрија, сообраќајот, железниците, шумарството... Анализите покажаа дека речиси 60 проценти од вработените примаат плата до 20.000 денари, или помалку од просечната, само 3,2 отсто имаат плата над 30.000 денари, а над 40 проценти се со примања од 12.000 до 15.000 денари, изјави претседателот на ССМ, Живко Митрески на денешната промоција на Предлог - протоколот за социјален напредок. Тој потсети дека се започнати разговори со Организацијата на работодавачи и со Министерството за труд и социјала, и се очекува наскоро да се подготват реални барања за зголемување на минималната плата.
Зголемување на минималната плата, а со тоа и на просечните плати, како и намалување на времетраењето на договорите за вработување на определено време, од пет, на две или три години, се дел од задачите во Предлог - протоколот за социјален напредок на Сојузот на синдикати на Македонија, ССМ. Документот предвидува и започнување на дебати и на анализи за проширување на правилникот за бенифициран стаж, најмногу за работниците во градежништвото, текстилната индустрија, сообраќајот, железниците, шумарството...
„Анализите покажаа дека речиси 60 проценти од вработените примаат плата до 20.000 денари, или помалку од просечната, само 3,2 отсто имаат плата над 30.000 денари, а над 40 проценти се со примања од 12.000 до 15.000 денари“, изјави претседателот на ССМ, Живко Митрески на денешната промоција на Предлог - протоколот за социјален напредок. Тој потсети дека се започнати разговори со Организацијата на работодавачи и со Министерството за труд и социјала, и се очекува наскоро да се подготват реални барања за зголемување на минималната плата.
„Очекуваме до 20 проценти да биде зголемен минималецот, или да изнесува околу 12.000 денари“, рече Митрески.
Според ССМ, договорите на определено време треба да бидат максимум од две до три години. Вработените на определно време имаат за околу 30 проценти помала плата од другите, а оние со приправнички стаж имаат и до 50 отсто.
Во врска со индустриските зони, каде најголем дел од вработувањата се на определено време, преку законски измени ССМ планира да се утврди обврската најмалку 30 проценти од вкупниот број вработени во зоните, да бидат вработени на неопределено време.
Предлог- протоколот за социјален напредок е прифатен од Економско-социјалниот совет и ќе биде доставен до новата влада.