Станбен квадрат во Скопје се продава и за 800 и за 1.200 евра

Bez autora
Sep 12 2016

Стан од 70 квадратни метри во скопската населба Кисела Вода чини најмалку 70.000 евра. Животен простор со иста големина во населбата Скопје Север, пак, се продава за 38.000 евра. Хиперпродукцијата на станбен простор, карактеристична за Скопје во последната деценија, не ја намалува конкуренцијата, ниту пак го заситува пазарот, особено во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода и Карпош. Побарувачката во овие зони е најголема, а цената на квадратот со години оди само во нагорна линија. За разлика од овие, во општините од левата страна на Вардар многу помалку се гради, но уште помалку се бараат станови. Процесот на иселување од овие населби, кои некогаш го сочинувале старото скопско јадро, е незапирлив во последните години. Станови стојат празни со години, а сопствениците ги продаваат за суми кои се незамисливи за градот од другата страна.

Станбен квадрат во Скопје се продава и за 800 и за 1.200 евраСтан од 70 квадратни метри во скопската населба Кисела Вода чини најмалку 70.000 евра. Животен простор со иста големина во населбата Скопје Север, пак, се продава за 38.000 евра. Хиперпродукцијата на станбен простор, карактеристична за Скопје во последната деценија, не ја намалува конкуренцијата, ниту пак го заситува пазарот, особено во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода и Карпош.

Побарувачката во овие зони е најголема, а цената на квадратот со години оди само во нагорна линија. За разлика од овие, во општините од левата страна на Вардар многу помалку се гради, но уште помалку се бараат станови. Процесот на иселување од овие населби, кои некогаш го сочинувале старото скопско јадро, е незапирлив во последните години. Станови стојат празни со години, а сопствениците ги продаваат за суми кои се незамисливи за градот од другата страна.

Големите разлики во понудата и побарувачката на недвижнини во различни делови од Скопје се причината што во некои населби од главниот град станбениот квадрат чини 1.200, а некаде 500 евра, сметаат во скопските агенции за недвижности.

„Колку пари ќе се плати за стан не зависи од оддалеченоста од центарот на градот, туку од структурата на населението кое во таа област бара недвижнина по своја мера“, велат во агенцијата „Асторија“. Според огласите, интересот за продажба и купување на станови и куќи е поголем во еден дел од градот, а драстично помал во другиот.

„Речиси и нема побарувачка за станови во населбите Чаир, Скопје Север, Топанско Поле... Сопственици на станови се јавуваат и нудат недвижности, но по некое време се откажуваат. Најчесто, во овој дел становите се продаваат преку посредници, преку огласи на јавни места и слично“, објаснуваат во агенцијата.

Во овој дел од градот пониски се цените и на новоизградените и на постарите станови. Сепак, градежното земјиште не е толку поевтино, за разликата во цената на квадратот да биде 100 проценти. Населбите се блиску до центарот на градот, инфраструктурно се добро поврзани, имаат градинки и училишта, здравствени домови....Сепак, помалку од 10 проценти од сите огласи во агенциите се нудат недвижнини од овие населби, а повеќе се барани куќите отколку становите.

Според цените за станбениот квадрат, овој дел од Скопје се изедначува со градови од внатрешноста, каде што вредноста на земјиштето е драстично помала, но и продукцијата на новоградби не е толку интензивна. Огромните разлики во цената на станбениот квадрат во две згради, во ист град оддалечени само неколку километри, не треба да изненадува, велат во агенциите, бидејќи, понудата и побарувачката долги години го обликувале тој процес.

„Пазарот си ја диктира цената. Во еден дел од градот има голема побарувачка за станови, повеќе се гради и цените се повисоки. Во другиот дел од градот притисокот е помал, па и цените се ниски. Заради тоа во тој дел купувачи на недвижности се луѓе со пониска куповна моќ“, вели Антон Кајтази од агенцијата „Дом-дизајн“. Во огласите, нагласува тој, има понуда на недвижнини од поевтиниот дел на градот, но нема заинтересирани купувачи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik