Станбените кредити за само една година пораснале за 4,4 милијарди денари или за 73 милиони евра, што е рекорден раст од 18 проценти, покажуваат последните податоци на Народна банка. Причина за ова, според банкарите, е падот на каматните стапки за станбените кредити, како и зголемениот раст на одобрени кредити преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Кога каматните стапки паѓаат и се ниски, економските субјекти инвестираат во недвижности или во акции и на тој план гледаме придвижување во купување недвижнини од страна на македонските граѓани, бидејќи моментално каматните стапки за станбените кредити се едни од најповолните во поновата историја на Македонија, изјавил Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка.
Станбените кредити за само една година пораснале за 4,4 милијарди денари или за 73 милиони евра, што е рекорден раст од 18 проценти, покажуваат последните податоци на Народна банка.
Причина за ова, според банкарите, е падот на каматните стапки за станбените кредити, како и зголемениот раст на одобрени кредити преку проектот „Купи куќа, купи стан“.
„Кога каматните стапки паѓаат и се ниски, економските субјекти инвестираат во недвижности или во акции и на тој план гледаме придвижување во купување недвижнини од страна на македонските граѓани, бидејќи моментално каматните стапки за станбените кредити се едни од најповолните во поновата историја на Македонија“, изјавил Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка.
Според него, Шпаркасе банка веќе има станбени кредити со 10 години фиксна каматна стапка, а станбените кредити со фиксна каматна стапка до пет години се веќе начин на работење на сите банки во земјава.
Според податоците на НБМ, најизразен е падот на каматите за станбените кредити одобрени во евра, и тоа од 6,4 проценти на почеток од годинава, на 5,6 проценти во септември.
Бишев очекува кредитниот раст да продолжи и во иднина. „Очекуваме со динамизирање, како на македонската, така и на европската економија, бидејќи Македонија е особено зависна од еврозоната која спроведува монетарно олабавување, кредитниот раст и кредитирањето во Македонија во наредниот период да се одвива со позабрзано темпо“, истакнал Бишев.