Standard and Poor’s го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија

Bez autora
Oct 02 2016

Рејтинг агенцијата Standard and Poor’s во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија „ББ–“, со стабилен изглед. Како што наведува кредитната агенција во извештајот, потврдата на рејтингот се должи на потенцијалот за развој на македонската економија под влијание на инвестициските приливи. Standard and Poor’s забележува дека извозот продолжува да расте со засилена динамика, како резултат на проширувањето на производствените капацитети и влезот на нови странски инвестиции во слободните економски зони. За разлика од странските компании, домашните компании се прудентни кога станува збор за нови инвестиции и чекаат да поминат парламентарните избори и да се разреши политичката криза.

Standard and Poor’s го потврди стабилниот кредитен рејтинг на МакедонијаРејтинг агенцијата Standard and Poor’s во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија „ББ–“, со стабилен изглед.

Како што наведува кредитната агенција во извештајот, потврдата на рејтингот се должи на потенцијалот за развој на македонската економија под влијание на инвестициските приливи. Standard and Poor’s забележува дека извозот продолжува да расте со засилена динамика, како резултат на проширувањето на производствените капацитети и влезот на нови странски инвестиции во слободните економски зони.

За разлика од странските компании, домашните компании се прудентни кога станува збор за нови инвестиции и чекаат да поминат парламентарните избори и да се разреши политичката криза. Како што се вели во извештајот на агенцијата, доколку се одржат изборите во декември, тие очекуваат засилена инвестициска активност следните неколку години, што заедно со силниот раст на извозот ќе биде значајна поддршка на економскиот развој.

Од кредит агенцијата очекуваат да се создаде силна синергија меѓу компаниите од слободните економски зони и домашните компании, што ќе биде двигател на развојот и ќе влијае на понатамошно намалување на стапката на невработеност. Согласно проекциите на агенцијата, стапката на невработеност ќе продолжи да се намалува континуирано и во следните три години.

Поради пролонгирањето на политичката криза, како што се наведува во извештајот на Standard and Poor’s тие ја намалуваат проекцијата за раст на македонската економија за годинава од 3,3 на 2,3 отсто. Агенцијата забележува дека политичката криза во Македонија продолжува. Изборите постојано се закажуваат и одложуваат, прво во април, потоа во јуни и иако политичките партии во август се согласиле дека сите потребни услови за одржување на избори се исполнети, не може целосно да се исклучи можноста за одложување на изборите кои треба да се одржат во декември, се наведува во извештајот.

Во извештајот на агенцијата се нотираат и поплавите кои во август го зафатија Скопје, кои придонеле за втор ребаланс и проширување на буџетскиот дефицит. Кредитната агенција смета дека е потребна посилна фискална консолидација, но напоменува и дека дефицитот е резултат на владините политики за јавни инвестиции кои се потребни за економски развој. Во однос на државниот долг, агенцијата вели дека иако е поголем во однос на 2009-та година е сеуште релативно низок.

Standard and Poor’s оценува дека македонскиот денар е стабилен. Девизните резерви ја покриваат монетарната база и се дури два пати повисоки од неа. И покрај неколку закани од надвор изминативе години, македонскиот банкарски систем функционира беспрекорно, заклучува агенцијата. Народната банка преку политиките и мерките кои ги спроведува успешно ги надминува епизодните предизвици, вклучително и ефектите од шпекулациите за девалвација на денарот од април кои се покажаа како неточни.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik