Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Bez autora
Apr 20 2015

„Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, што е добар сигнал за растот на македонската економија. Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој учествува на пролетните средби на Светска банка и ММФ во Вашингтон. Ова е добар сигнал дека македонската економија има добар тренд на раст, дека бизнис-климата е добра, дека јавните финансии се во добра состојба и секако е добар сигнал кон инвеститорите бидејќи тие ги имаат предвид рангирањето на земјите и рејтингот што го даваат реномираните меѓународни корпорации, истакна Ставрески. За него е особено важно што ова оценка доаѓа во време кога во Европа има ризици и кога европските земји, особено Грција, се соочува со дилемата дали ќе успее да остане во еврозоната или ќе треба да ја напушти.

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија„Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, што е добар сигнал за растот на македонската економија. Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој учествува на пролетните средби на Светска банка и ММФ во Вашингтон.

„Ова е добар сигнал дека македонската економија има добар тренд на раст, дека бизнис-климата е добра, дека јавните финансии се во добра состојба и секако е добар сигнал кон инвеститорите бидејќи тие ги имаат предвид рангирањето на земјите и рејтингот што го даваат реномираните меѓународни корпорации“, истакна Ставрески. За него е особено важно што ова оценка доаѓа во време кога во Европа има ризици и кога европските земји, особено Грција, се соочува со дилемата дали ќе успее да остане во еврозоната или ќе треба да ја напушти.

„Може да се очекува и оваа година цените на нафтата да останат на ниско ниво и треба да се види што треба да се направи Македонија во тие околности да може да оствари повисок економски раст, за кој со луѓето од Светска банка и ММФ констатиравме дека е повисок од другите земји во регионот“, потенцира министерот за финансии.

Тоа, смета Ставрески, главно се должи на работењето на компаниите и во слободните економски зони и надвор од нив, поради добрата бизнис-клима во земјата, како и инвестициите.

Македонската економија е добро позиционирана да издржи шокови од кои било финансиски ризици, смета и гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов, кој, исто така, учествува на пролетните средби.

Според него, видувањата на ММФ и на Светска банка се дека најголемите ризици произлегуваат од излегувањето на американските Федерални резерви од програмата за пуштање ликвидност, што врзува одредени ризици за светската економија, бидејќи таа ликвидност е раширена насекаде во светот. „Тука е и ризикот од дефлација во Европа, како и тоа како ќе заврши грчката должничка криза. Тоа се најголемите ризици и можам да кажам дека македонската економија е многу добро позиционирана да издржи шокови од кои било од овие три ризици“ истакна Богов.

Својот став го поткрепува со тоа што македонската валута е врзана со еврото, па така како што се движи еврото спрема доларот, така се движи и денарот спрема доларот. „Нашата економија главно извезува во европската економија и не очекуваме никакви негативни импликации. Напротив, можни се позитивни ефекти затоа што нашите производители ќе бидат поконкурентни на европскиот пазар во однос на производителите чии цени се изразени во долари. Во прилог ни оди и намалувањето на цената на нафтата. Иако доларот зајакнува, намалувањето на цената на нафтата компензира за зајакнувањето на американската валута и засега се позитивни ефектите врз нашата економија“, истакна Богов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik