„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Bez autora
Oct 19 2015

Рејтинг агенцијата “Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија од ББ-, со стабилен изглед. Ова е исклучително добар сигнал за странските инвеститори со оглед на тоа дека оваа кредитна агенција претходно во 2015 година го намали кредитниот рејтинг на Русија на ББ+ од БББ, а на Хрватска и го намали изгледот од позитивен на негативен. За растот Агенцијата очекува во следните четири години истиот да биде поддржан од започнатите капитални инвестиции, од приливите од странските директни инвестиции, како и од континуираниот раст на извозот. Од 2010 година, извозната активност заедно со експанзивната фискална политика ја поддржа економијата и помогна во намалување на невработеноста, се вели во извештајот.

Рејтинг агенцијата “Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија од ББ-, со стабилен изглед.

Ова е исклучително добар сигнал за странските инвеститори со оглед на тоа дека оваа кредитна агенција претходно во 2015 година го намали кредитниот рејтинг на Русија на ББ+ од БББ, а на Хрватска и го намали изгледот од позитивен на негативен.

За растот Агенцијата очекува во следните четири години истиот да биде поддржан од започнатите капитални инвестиции, од приливите од странските директни инвестиции, како и од континуираниот раст на извозот.

- Од 2010 година, извозната активност заедно со експанзивната фискална политика ја поддржа економијата и помогна во намалување на невработеноста, се вели во извештајот.

Агенцијата забележува и раст на личната потрошувачка, поддржана од ниската инфлација, што придонесе за економскиот раст.

Нивото на јавен и државен долг, како што наведува Агенцијата е умерен.

Со околу 2,4 милијарди долари нивото на девизни резерви е висок, и е силна поддршка за одржување на фиксниот девизен курс.

Банкарскиот сектор е стабилен, добро капитализиран и обезбеден со домашни депозити.

Македонската регулатива и поставената супервизорска рамка овозможува справување со ликвидносниот ризик поврзан со потенцијалните повлекувања од мајките банки, се наведува во извештајот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik