Станови до 850 евра за квадрат има и на добри локации во Скопје

Bez autora
Feb 12 2012

Не само во градовите во внатрешноста, туку и на добри локации во Скопје можат да се најдат станови со цена на квадратниот метар под 900 евра, а што се вклопуваат во владиниот проект "Купи куќа, купи стан" за субвенционирани станбени кредити. Такви се становите што ги гради АД за изградба и за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП). Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на АДССДП, Цветко Грозданов ова го илустрира вчера на прес-конференција што ја одржаа пред една од зградите што се гради на улицата "Трета Македонска бригада" спроти Американ Колеџ. Во оваа зграда која е на само четири и пол минути возење од центарот на Скопје има на располагање 30 станови со цена под 900 евра, кои според динамиката треба да бидат завршени во мај. Деновиве Владата треба да одобри уште 170 станови во зграда на два километра од оваа, со цена од 795 евра за квадрат, во кои се вклучени клима-уред и кујна.

Станови до 850 евра за квадрат има и на добри локации во СкопјеНе само во градовите во внатрешноста, туку и на добри локации во Скопје можат да се најдат станови со цена на квадратниот метар под 900 евра, а што се вклопуваат во владиниот проект "Купи куќа, купи стан" за субвенционирани станбени кредити.

Такви се становите што ги гради АД за изградба и за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП).

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на АДССДП, Цветко Грозданов ова го илустрира вчера на прес-конференција што ја одржаа пред една од зградите што се гради на улицата "Трета Македонска бригада" спроти Американ Колеџ. Во оваа зграда која е на само четири и пол минути возење од центарот на Скопје има на располагање 30 станови со цена под 900 евра, кои според динамиката треба да бидат завршени во мај. Деновиве Владата треба да одобри уште 170 станови во зграда на два километра од оваа, со цена од 795 евра за квадрат, во кои се вклучени клима-уред и кујна. По цена од 795 до 850 евра за квадрат во скопската општина Аеродром станбеното претпријатие гради вкупно околу 400 станови и за нив може да се аплицира за двете варијанти на субвенциониран станбен кредит - половина рата или половина учество.

- Постои мислење дека во Скопје тешко се наоѓаат станови што се вклопуваат во владиниот проект "Купи куќа, купи стан", со цена на станбениот квадрат до 900 евра. Оваа зграда е доказ дека во Скопје на добри локации на 4,5 минути возење од центарот може да се најде таков стан. Становите што ги гради АДССДП се продаваат по цена од 820 до 850 евра по квадрат, со што целосно се вклопува во проектот. Во Ново Лисиче има 350 стана од 795 евра за квадрат, а вкупно ЈП во понуда има 374 станови кои може да се купат со поддршката што ја дава Владата. И во повеќе градови во внатрешноста, ако Струмица, Охрид, Битола, и други има такви станови, што значи дека од аспект на понуда на станови по цени од 800 до 850 евра за квадрат, сме подготвени да им помогнеме на граѓаните со помали трошоци да дојдат до сопствен дом - рече Ставрески и информира дека следната недела ќе има средба со приватните инвеститори кои градат станови во Скопје, кои навестиле дека ќе понудат станови што ќе се вклопат во проектот.

Грозданов вели дека освен во Скопје, станови се градат и во Охрид по 700 евра за квадрат. Становите за млади брачни парови во Битола се продаваат по 550 евра за квадрат, а цената на станбениот квадрат што го гради ЈП во Струмица е 570 евра.

- Овие станови се продаваат на лицитација, а објави ќе има на секои две недели. Со преддоговорот за купување стан се добива имотен лист на свое име, така што станот што се купува може да се стави под хипотека - вели Грозданов.

Досега околу 500 граѓани подигнале апликации и пополниле формулари во банките за добивање кредит, но има и голем број кои се распрашуваат. Според Ставрески, поточни информации колку граѓани аплицирале за субвенциониран станбен кредит ќе има кон крајот на месецов. Засега, граѓаните се позаинтересирани за купување станови, бидејќи за нив има понуда, а во следните циклуси на проектот, кога општините ќе понудат повеќе локации за индивидуална градба се очекува да се зголеми интересот за куќи. Сега има доста заинтересирани и за кредитите за доградба на куќи. Ставрески вели дека во овој момент не се планира продолжување на рокот за аплицирање, кој истекува на 1 март, а за вакво нешто може да се размислува во зависност од тоа како понатаму ќе се одвиваат работите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik