Стапката на ДДВ нема да се менува, тврди Министерството за финансии

Bez autora
Oct 26 2017

Стапката на ДДВ нема да се менува и ќе остане на исто ниво, велат од Министерството за финансии по информациите во дел од медиумите дека се подготвува зголемување на оваа давачка. Од Министерството изјавија дека за стапката на персоналниот данок на доход до крајот на годината ќе бидат отворени јавни дебати. Стапката на данокот на додадена вредност нема да се менува. Tакво нешто не е предвидено ниту во програмата на Владата. До крајот на годината ќе се отвори јавна дебата за евентуално воведување прогресивна стапка на персоналниот данок на доход. Сите промени ќе се носат транспарентно и со вклученост на јавноста, стои во соопштението што дополнително дојде од Министерството за финансии.

Стапката на ДДВ нема да се менува, тврди Министерството за финансииСтапката на ДДВ нема да се менува и ќе остане на исто ниво, велат од Министерството за финансии по информациите во дел од медиумите дека се подготвува зголемување на оваа давачка.

Од Министерството изјавија дека за стапката на персоналниот данок на доход до крајот на годината ќе бидат отворени јавни дебати.

– Стапката на данокот на додадена вредност нема да се менува. Tакво нешто не е предвидено ниту во програмата на Владата. До крајот на годината ќе се отвори јавна дебата за евентуално воведување прогресивна стапка на персоналниот данок на доход. Сите промени ќе се носат транспарентно и со вклученост на јавноста“, стои во соопштението што дополнително дојде од Министерството за финансии.

Каква била измена на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството и нема да се случи без поширока расправа за што целата јавност ќе биде навреме информирана, посочи претходно вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во одговор на новинарско прашање за најавите за нови даноци за локалната самоуправа по отворањето на саемската манифестација ТЕХНОМА 2017.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik