Стапката на невработеност во првиот квартал 27,3 отсто

Bez autora
Jun 10 2015

Во првиот квартал годинава стапката на невработеност во Македонија изнесува 27,3 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава имало 262.140 невработени лица, а вработени биле 697.248 лица. Во однос на претходниот квартал стапката на невработеност е намалена за 0,3 отсто, а во однос на првиот квартал лани 1,1 отсто. Поголемиот дел од невработените во првиот квартал биле мажи и тоа 62,8 отсто од вкупното активно население во земјава, а жени 37,2 отсто. Според возраста најголем број невработени 166.414 се на возраст од 25 до 49 години. Според образованието, најбројни се оние лица со четиригодишно средно образование. Според статистиката бројот на овие лица изнесува 119.312.

Стапката на невработеност во првиот квартал 27,3 отстоВо првиот квартал годинава стапката на невработеност во Македонија изнесува 27,3 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава имало 262.140 невработени лица, а вработени биле 697.248 лица.

Во однос на претходниот квартал стапката на невработеност е намалена за 0,3 отсто, а во однос на првиот квартал лани 1,1 отсто.

Поголемиот дел од невработените во првиот квартал биле мажи и тоа 62,8 отсто од вкупното активно население во земјава, а жени 37,2 отсто. Според возраста најголем број невработени 166.414 се на возраст од 25 до 49 години. Според образованието, најбројни се оние лица со четиригодишно средно образование. Според статистиката бројот на овие лица изнесува 119.312.

Од вкупниот број вработени лица во земјава најголемиот, односно 540.669 се вработени во приватниот сектор, а 156.579 се во друга сопственост.

Најмногу вработуваат преработувачката индустрија и земјоделскиот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik