Деветте компании ги подигнаа мострите тутун и секој момент може да почнат со откуп. Според производителите, годинашната реколта е помала, но е поквалитетна поради што се очекува и повисока цена од лани. И покрај најавите, деветте лиценцирани компании покажуваат незначителен интерес за почеток на вонредниот откуп. Се уште не ги отвориле пунктовите. Вчера ги подигнаа мострите и со обезбеден бонитет можат да почнат со преземање на количините, изјави Данчо Милески, претседателот на Сојузот на тутунските здруженија. Деновиве со минимални 370 килограми во Неготино, откуп почнала една од помалите фирми. Една од поголемите откупувачи, пак, „Сокотаб“, имала доставено спроводници до кооперантите, но не почнала со откуп. Неофицијално, како што нагласува Милески, компаниите најавуваат да почнат со преземање на тутун до крајот на оваа недела.
Деветте компании ги подигнаа мострите тутун и секој момент може да почнат со откуп. Според производителите, годинашната реколта е помала, но е поквалитетна поради што се очекува и повисока цена од лани.
„И покрај најавите, деветте лиценцирани компании покажуваат незначителен интерес за почеток на вонредниот откуп. Се уште не ги отвориле пунктовите. Вчера ги подигнаа мострите и со обезбеден бонитет можат да почнат со преземање на количините", изјави Данчо Милески, претседателот на Сојузот на тутунските здруженија. Деновиве со минимални 370 килограми во Неготино, откуп почнала една од помалите фирми. Една од поголемите откупувачи, пак, „Сокотаб“, имала доставено спроводници до кооперантите, но не почнала со откуп. Неофицијално, како што нагласува Милески, компаниите најавуваат да почнат со преземање на тутун до крајот на оваа недела.
Прилепскиот тутунски комбинат се очекува утре да почне откуп на градскиот пункт. „Се очекува реколтата да тежи 20.000 до 21 000 тони, но е квалитетна. Затоа очекуваме многу повисока цена од онаа од 2013-та година кога беше 152 денара за килограм. Со оглед на тоа и дека цените во договорите се малку зголемени, тутунарите сметаат на добар откуп“, истака Милески.
Според Сојузот на тутунските здруженија, откупот на годинашнава реколта тутун ќе се врши на 152 пункта со 186 ваги на кои ќе има над 200 повереници.