Со изградбата на автопатот Скопје - Штип ќе се стигнува од Свети Николе до Скопје за 20 минути, што ќе влијае врз подобрувањето на бизнис климата, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој денеска беше во посета на светиниколскиот крај. По средбите со бизнис секторот, каде информираше за тоа колку компаниите досега ги искористиле активните мерки на Владата за вработување и евтините кредитни линии, вицепремиерот Ставрески истакна дека како Влада постојано ги слушаат барањата на граѓаните и ги решаваат во зависност од можностите.
Со изградбата на автопатот Скопје - Штип ќе се стигнува од Свети Николе до Скопје за 20 минути, што ќе влијае врз подобрувањето на бизнис климата, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој денеска беше во посета на светиниколскиот крај.
По средбите со бизнис секторот, каде информираше за тоа колку компаниите досега ги искористиле активните мерки на Владата за вработување и евтините кредитни линии, вицепремиерот Ставрески истакна дека како Влада постојано ги слушаат барањата на граѓаните и ги решаваат во зависност од можностите.
"Трасата од автопатот Скопје - Свети Николе - Штип е веќе 90 отсто пробиена, а предвидено е целосно изградбата да заврши најдоцна до февруари 2017 година. Тогаш на светиниколчани ќе им бидат потребни од 20 до 25 минути за да стигнат до Скопје. Со изградбата на овој автопат општина Свети Николе може да се стави на мапата за привлекување на странски инвеститори, бидејќи ќе има добра поставеност и ќе биде добро инфраструктурно поврзана, што е значајно за инвеститорите", рече Ставрески.