Долгогодишниот загубар, акционерското друштво „Емо“ од Охрид оди во стечај. Управата за јавни приходи побара отворање на стечајна постапка поради големи долгови по основ на неплатен данок и придонеси. Основниот суд во Охрид веќе назначи и стечаен управник. За стечаен управник е назначен Коле Волчевски од Битола. Доверителите имаат рок од 15 дена да ги пријават побарувањата, од објавувањето на решението за стечај во „Службен весник“. А, датумот на испитното и извештајно рочиште е закажан за 8 февруари. Поради стечајната постапка, Македонската берза уште на крајот на 2016 година ги исклучи акциите на „Емо“ од котација. УЈП и во 2013 година побара отворање на стечајна постапка за „Емо“, кога во фабриката се' уште работеа неколку друштва.
Долгогодишниот загубар, акционерското друштво „Емо“ од Охрид оди во стечај. Управата за јавни приходи побара отворање на стечајна постапка поради големи долгови по основ на неплатен данок и придонеси. Основниот суд во Охрид веќе назначи и стечаен управник. За стечаен управник е назначен Коле Волчевски од Битола.
Доверителите имаат рок од 15 дена да ги пријават побарувањата, од објавувањето на решението за стечај во „Службен весник“. А, датумот на испитното и извештајно рочиште е закажан за 8 февруари.
Поради стечајната постапка, Македонската берза уште на крајот на 2016 година ги исклучи акциите на „Емо“ од котација.
УЈП и во 2013 година побара отворање на стечајна постапка за „Емо“, кога во фабриката се' уште работеа неколку друштва.
„Емо“ е загубар во доминантна државна сопственост, откако Владата пред повеќе години го конвертира државниот долг, во влог, со што го презеде управувањето со оваа компанија. И покрај многуте досега распишани тендери, на Владата не и' успеа да го продаде овој загубар, односно да најде стратешки инвеститор.
Со отворањето на стечајна постапка запираат шансите за рестартирање на „Емо“, иако Владата во повеќе наврати најавуваше дека ќе го продаде и дека има заинтересирани странски компании.
Единствено досега, поточно лани во октомври, германската компанија „Костал“ го означи почетокот на производството на електроделови во напуштен капацитет на „Емо“, лоциран во село Косел. Станува збор за браунфилд-инвестиција, а беше кажано дека се планира подоцна да се изгради уште еден нов капацитет. Беше најавена реализација на 1.000 работни места.