Штедењето годинава ќе расте, ама многу послабо

Bez autora
Nov 21 2016

Штедните влогови во банките годинава дефинитивно нема да пораснат онака како што се очекуваше, туку многу помалку, соопшти Народна банка на Македонија во својот најнов квартален извештај, кој се однесува на третото тримесечје. Иако во третиот квартал штедењето бележи умерено зголемување, неговата годишна стапка на пораст на крајот на оваа година е проектирана на 2,6 проценти, наместо првично планираните 6 отсто. Како главна причина за тоа се наведува политичката криза во земјава и шпекулациите што се појавија во април и во мај, кои резултираа со повлекување значајни суми влогови, а од кои се' уште не може целосно да закрепне депозитната база на банките.

Штедењето годинава ќе расте, ама многу послабоШтедните влогови во банките годинава дефинитивно нема да пораснат онака како што се очекуваше, туку многу помалку, соопшти Народна банка на Македонија во својот најнов квартален извештај, кој се однесува на третото тримесечје.

Иако во третиот квартал штедењето бележи умерено зголемување, неговата годишна стапка на пораст на крајот на оваа година е проектирана на 2,6 проценти, наместо првично планираните 6 отсто. Како главна причина за тоа се наведува политичката криза во земјава и шпекулациите што се појавија во април и во мај, кои резултираа со повлекување значајни суми влогови, а од кои се' уште не може целосно да закрепне депозитната база на банките.

„На страната на депозитите е направена позначителна надолна корекција, пред се' за 2016, во најголем дел одразувајќи го надолното приспособување кај депозитите во вториот квартал, кога дојде до остварување на дел од ризиците поврзани со влошената политичка ситуација. И покрај стабилизирањето на општата економска и политичка состојба, бавното враќање на повлечените средства услови надолна корекција на очекуваниот раст на депозити на околу 2,6 отсто до крајот на годината, наспроти 6 отсто во априлската проекција“, се вели во извештајот на централната банка.

Сепак, од НБМ очекуваат дека во идната година, како што ќе се стабилизираат очекувањата на економските субјекти и ќе порасне економската активност, постепено ќе се зголемува склоноста за штедење во банките и ќе се враќаат повлечените средства во банкарскиот систем, со што ќе забрза и растот на депозитната база. Односно, за следните две години од Народна банка очекуваат дека депозитите ќе растат со просечна стапка од околу 7,5 проценти.

Инаку, по априлскиот и мајскиот шок, довербата во банкарскиот систем во последниве месеци почна полека и срамежливо да се враќа. Но, останува фактот дека дури и во септември, ниту нивото на вкупните депозити, ниту нивото на граѓанските штедни влогови, не може да се врати на состојбата која ја имаа во март.

На крајот на септември годинава вкупните депозити во земјава изнесувале 4,924 милијарди евра, ниво кое е се' уште пониско во однос на март, и тоа за сума од 9,3 милиони евра. Кај вкупните депозити централната банка регистрирала и месечен пад, односно само во септември во однос на август тие се намалиле за 19 милиони евра.

Но, она што е најбитно и за банкарскиот сектор и воопшто за економијата на државата во целина, се всушност штедните влогови на граѓаните, односно депозитите на домаќинствата. На крајот на септември граѓаните чувале во банките точно 3,410 милијарди евра. Тоа ниво е исто така пониско во однос на март, и тоа за дури 64 милиони евра. Ова покажува дека штедните влогови на домаќинствата од почетокот на годинава растеле многу солидно, но во април и во мај доживуваат значајно повлекување, по што иако во наредните месеци се случи враќање на извесни суми и еден вид стабилизирање, сепак, износот на граѓански штедни влогови не може да се врати на мартовското ниво. Ако е за утеха, гледано само во септември, штедните влогови на граѓаните во домашниот банкарски систем доживеале месечен раст од 30 милиони евра, откако извесен пораст, но помал од септемврискиот, беше регистриран и во август.

Кога станува збор за кредитната активност, НБМ очекува дека во 2017 и 2018 година таа ќе биде фактор на поддршка на растот на приватната потрошувачка и инвестициите, при што во услови на солиден економски раст, во следните две години се очекува годишен кредитен раст од 6 и 7 отсто, слично како во априлската проекција.

Од НБМ во извештајот нагласуваат и дека веќе во третиот квартал од годинава таа интервенирала со откуп на девизи на девизниот пазар, и заедно со надворешното задолжување на државата, тоа ги надополнило девизните резерви. „Во надворешниот сектор состојбата е исто така поповолна во однос на алтернативното сценарио, односно подобри се тековите кај странските директни инвестиции од очекуваните и задолжувањето на државата во странство е значително повисоко во однос на предвидувањата во сценариото“, се вели во извештајот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik