Штип е меѓу десетте европски градови кои се најпривлечни за странски инвеститори, бидејќи покажуваат најдобро разработени стратегии за нивно привлекување. Овој избор го направил угледниот „Фајненшал тајмс“, кој го рангира Штип на шесто место според неговите развојни стратегии за инвестирање. Прв на листата е хрватскиот град Иванец. Додека, пак, по Штип се наоѓаат Јастребарско од Хрватска, Врање од Србија, Јелгава од Латвија и Тарту од Естонија. Извештајот има над 45 страници и се однесува за периодот 2016/2017 година. Во поглед на цената на трошоците за бизнис, Штип е на прво место во категоријата микрорегиони до 100.000 жители.
Штип е меѓу десетте европски градови кои се најпривлечни за странски инвеститори, бидејќи покажуваат најдобро разработени стратегии за нивно привлекување.
Овој избор го направил угледниот „Фајненшал тајмс“, кој го рангира Штип на шесто место според неговите развојни стратегии за инвестирање.
Прв на листата е хрватскиот град Иванец. Додека, пак, по Штип се наоѓаат Јастребарско од Хрватска, Врање од Србија, Јелгава од Латвија и Тарту од Естонија. Извештајот има над 45 страници и се однесува за периодот 2016/2017 година.
Во поглед на цената на трошоците за бизнис, Штип е на прво место во категоријата микрорегиони до 100.000 жители. А, по него следуваат градови од Украина, Босна и Херцеговина, Латвија и Србија.
Според градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, овој извештај е доказ за успешните економски политики на Владата и на локалното раководство, што резултирало со отворање нови фабрики.
„Ние сме слуги на бизнис-заедницата, и затоа доаѓаат бизнисмени за инвестирање во Штип. Имаме одлични домашни бизнисмени кои му помагаат на градот.
Ние правиме нова индустриска зона на површина од 350-400 хектари, од населбата Три Чешми до четврти километар, од двете страни на регионалниот пат до Радовиш, правиме и втора индустриска зона од училиштето ’Искра‘ до Кланицата, со 18 парцели со по 6.000 квадратни метри за мали и средни претпријатија, ја доградуваме индустриската зона од ресторанот ’Мал одмор‘ до ’Лукоил‘, каде што се наоѓаат поранешните гиганти ’Астибо‘ и ’Алумина‘ и каде што даваме шанса на домашни стопанственици да доградат, а имаме и нови плацеви и градиме голема индустриска зона кај Три Чешми, каде што ќе имаме десетина нови локации на влезот на населбата до новиот пат.
Секако, тука е и е најголемиот проект на Владата за ТИР-зоната на 210 хектари, каде што веќе работат две фабрики, а третата се гради“, изјавил за медиумите Захариев.
Градоначалникот нагласил и дека му е мило што Штип е во првата десетка на градови во категоријата на микрорегиони во Европа, како и дека отворањето нови погони ќе ја сведе невработеноста во Штип на нула, имајќи предвид дека во моментов 2.000 лица се невработени, а од нив 1.000 земаат паричен социјален надомест.
Со оглед на тоа што доаѓаат луѓе и од соседните општини, тоа е знак дека Штип има шанса да ја искорени невработеноста, и со тоа да биде прв град на овој план во Македонија.