Наспроти многубројните странски инвестиции во нашата држава, во Штип е реализирана чисто домашна инвестиција. Станува збор за новата фабрика за производство на делови за автобуски шасии за потребите на белгискиот производител на автобуси „Ван хол“, во која познатата штипска фирма „Актива“ вложи четири милиони евра сопствени средства. Фабриката ќе биде пуштена во работа идниот месец, а во моментов во тек е монтажата на машините. Во рекорден рок од само пет месеци изградивме хала од 8.600 квадратни метри во која за најмногу 30-ина дена ќе го почнеме производството на делови за автобуски шасии за потребите на „Ван хол“. Оваа белгиска компанија има свои фабрики за автобуси во индустриската зона ’Бунарџик‘ кај Скопје и во Белгија. Во овој потфат ние вложивме четири милиони евра, а кредитно не' поддржа Комерцијална банка, вели Иле Николов, првиот човек на „Актива“.
Наспроти многубројните странски инвестиции во нашата држава, во Штип е реализирана чисто домашна инвестиција. Станува збор за новата фабрика за производство на делови за автобуски шасии за потребите на белгискиот производител на автобуси „Ван хол“, во која познатата штипска фирма „Актива“ вложи четири милиони евра сопствени средства. Фабриката ќе биде пуштена во работа идниот месец, а во моментов во тек е монтажата на машините.
„Во рекорден рок од само пет месеци изградивме хала од 8.600 квадратни метри во која за најмногу 30-ина дена ќе го почнеме производството на делови за автобуски шасии за потребите на ’Ван хол‘. Оваа белгиска компанија има свои фабрики за автобуси во индустриската зона ’Бунарџик‘ кај Скопје и во Белгија. Во овој потфат ние вложивме четири милиони евра, а кредитно не' поддржа Комерцијална банка“, вели Иле Николов, првиот човек на „Актива“.
Производниот процес подразбира два аспекта. Првиот се заснова на комплетно автоматизиран дел за што се купени скапи машини од странство, а вториот е мануелен за кој се потребни квалитетни заварувачи од кои најголемиот дел „Актива“ веќе ги обезбеди преку своето интерно училиште за заварувачи во постојната фабрика. „Актива“ и досега произведуваше делови за автобуски шасии за „Ван хол“, но откако оваа фирма ја отвори својата фабрика за автобуси и во Македонија потребите станаа многу поголеми, а за белгиската компанија немаше дилеми дека таа потреба ќе ја реализира со „Актива“.
Отворањето на новата фабрика и почетокот на производството значи и вработување на 60 нови работници. Николов вели дека тие се примени на работа во времето додека траела изградбата на фабриката. Со ова „Актива“ го заокружи бројот на вработените на 240 лица, со што се докажува како најголем остварувач, но и мотиватор за другите за постепена промена на трудоинтензивното штипско стопанство, кое се потпира на текстилот и во помал дел на чевларската индустрија. Во фабриката веќе работат и 24 инженери од кои петмина се примени додека се градеше фабриката. Тоа говори дека 10 проценти од вкупниот број вработени во фирмата е кадар со високо образование.
Првите луѓе на „Ван хол“ биле изненадени од брзината со која бил изграден новиот капацитет, но и од квалитетот на новата градба. Во оваа убава приказна е интересен фактот дека „Актива“ сама си ја изгради фабриката, а нејзино дело се и фабриката на „Ван хол“ и на италијански „Витек“ во „Бунарџик“, како и фабриката на „Џонсон контролс“ во штипската ТИРЗ.
Новата фабрика на „Актива“ е лоцирана во новата индустриска зона „Запад“, во непосредна близина на раскрсницата од магистралата Скопје – Штип – Струмица.