Во услови на отежнати услови на стопанисување во домашната економија, како и бавно заздравување на глобалната економија од неодамнешната финансиската криза, Стопанска банка Битола за лани успеа да оствари позитивен финансиски резултат, односно нето-добивка од 30,07 милиони денари, соопшти банката. Добивката на банката е распоредена во законски резерви. Притоа, како што се вели во образложението кон остварениот финансиски резултат, доставен до берзата, „нето-приходите од камати за 2016 година се повисоки за 13,32 отсто во однос на претходната година, главно како резултат на повисоки нето-приходи од камати од домаќинства следствено на зголеменото кредитирање на овој сегмент на клиенти. Истовремено, приходите од провизии се зголемени за 5,92 отсто.
Во услови на отежнати услови на стопанисување во домашната економија, како и бавно заздравување на глобалната економија од неодамнешната финансиската криза, Стопанска банка Битола за лани успеа да оствари позитивен финансиски резултат, односно нето-добивка од 30,07 милиони денари, соопшти банката. Добивката на банката е распоредена во законски резерви.
Притоа, како што се вели во образложението кон остварениот финансиски резултат, доставен до берзата, „нето-приходите од камати за 2016 година се повисоки за 13,32 отсто во однос на претходната година, главно како резултат на повисоки нето-приходи од камати од домаќинства следствено на зголеменото кредитирање на овој сегмент на клиенти. Истовремено, приходите од провизии се зголемени за 5,92 отсто. Порастот на расходите за провизии и надоместоци главно е генериран од воведувањето нов производ – Мастер кард, чии ефекти во идниот период ќе се рефлектираат на приходната страна. Годишен раст од 19 отсто е регистриран во позицијата нето-курсни разлики што позитивно се одрази врз финансискиот резултат на банката.
Останатите приходи од дејноста лани се повисоки за 30,91 отсто споредено со претходната 2015 година како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот, приходи по основ на наплатени отпишани побарувања евидентирани на вонбилансна евидeнција, како и поголеми приходи од дивиденди во согласност со одлуките на издавачите на хартиите од вредност за распределба на добивката.
„Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е значително пониска во однос на претходната година што упатува на подобрен квалитет на структурата на кредитното портфолио. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, е повисока споредено со минатата година за 7,87 милиони денари“, се вели во образложението.
Како резултат на зголемениот обем на работа, проширувањето на мрежата на дистрибуција, како и поради зголемениот број вработени лица, трошоците за вработени бележат раст од 19,11 отсто, останатите расходи од дејноста се зголемени за 3,85 отсто, а амортизацијата се задржа приближно на исто ниво како во 2015 година.
Минатата година Стопанска банка Битола постигна висок процент на исполнување на планот, со отстапување помало од плус-минус 5 отсто во клучните позиции од Билансот на состојба, се вели во образложението, при што се додава дека, нето-добивката за 2016 година беше значително поголема од планираната.
Во наредниот период се очекува постепено стабилизирање на макроекономското опкружување и благо забрзување на домашниот економскиот раст.
„Банката и во идниот период ќе биде фокусирана на понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активности за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Планираното проширување на дистрибутивната мрежа, како и понудата на иновативни производи и услуги, се очекуваат да дадат соодветен придонес кон зголемување на клиентската база и остварување на планираниот раст на депозитниот потенцијал. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на банката“, соопшти Стопанска банка Битола.