Стопанска банка Битола со нето-добивка од 7,84 милиони денари

Bez autora
Mar 02 2016

Стопанска банка Битола минатата година ја завршила со нето-добивка од 7,84 милиони денари. Од банката велат дека главен акцент во работењето лани бил ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во деловната политика, развојниот и финансискиот план на банката. Притоа, банката го приспособуваше своето работење на промените во економските услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања, објаснуваат од банката во своето образложение на остварениот финансиски резултат. Од таму нагласуваат дека во услови на силна конкуренција во банкарскиот сектор, Стопанска банка Битола успеа да оствари позитивен финансиски резултат, односно нето-добивка во износ од 7,84 милиони денари.

Стопанска банка Битола со нето-добивка од 7,84 милиони денариСтопанска банка Битола минатата година ја завршила со нето-добивка од 7,84 милиони денари.

Од банката велат дека главен акцент во работењето лани бил ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во деловната политика, развојниот и финансискиот план на банката.

„Притоа, банката го приспособуваше своето работење на промените во економските услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања“, објаснуваат од банката во своето образложение на остварениот финансиски резултат.

Од таму нагласуваат дека во услови на силна конкуренција во банкарскиот сектор, отежнати услови на стопанисување во домашната економија, како и бавно заздравување на глобалната економија од неодамнешната финансиската криза, Стопанска банка Битола успеа да оствари позитивен финансиски резултат, односно нето-добивка во износ од 7,84 милиони денари.

„Нето-приходите од камати се пониски за 42,06 отсто во однос на остварувањето од минатата година, што се должи на наплата на претходно отпишани побарувања по камати кои беа значаен извор на вонредни приходи од камати за банката во 2014 година. Во услови на зголемен обем на кредитни работи и работи во платниот промет, зголемен обем на работа со платежни картички, распространета мрежа на дистрибуција, како и поради зголемениот број клиенти, нето-приходите од провизии и надоместоци бележат раст од 11,81 отсто споредено со претходната година“, велат од банката.

Годишен раст од 60 отсто е регистриран во позицијата нето-курсни разлики, што позитивно се одрази врз финансискиот резултат на банката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik