Собранието на акционери на Стопанска банка АД - Скопје ја официјализира одлука за предвремена отплата на долгот од 45 милиони евра кон Национална банка на Грција. Истовремено, Собранието одлучи да прераспредели дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите, во вкупен износ од денарска противредност на 35 милиони евра. Наведениот износ од член 1 од оваа Одлука не е расположлив во иднина за исплата на дивиденда на акционерите (ограничена за распределба на акционерите) и како таков, во согласност со релевантната важечка регулатива на Народната Банка на Македонија, има третман на основен капитал на Стопанска банка АД – Скопје. Сумата од 35 милиони евра ја вклучува распределената акумулирана добивка согласно Одлуките за распределба на добивката на Стопанска банка АД – Скопје за 2010, 2011, 2012 и дел од добивката за 2013 година, се вели во одлуката објавена преку Македонската берза.
Собранието на акционери на Стопанска банка АД - Скопје ја официјализира одлука за предвремена отплата на долгот од 45 милиони евра кон Национална банка на Грција. Истовремено, Собранието одлучи да прераспредели дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите, во вкупен износ од денарска противредност на 35 милиони евра.
Наведениот износ од член 1 од оваа Одлука не е расположлив во иднина за исплата на дивиденда на акционерите (ограничена за распределба на акционерите) и како таков, во согласност со релевантната важечка регулатива на Народната Банка на Македонија, има третман на основен капитал на Стопанска банка АД – Скопје.
„Сумата од 35 милиони евра ја вклучува распределената акумулирана добивка согласно Одлуките за распределба на добивката на Стопанска банка АД – Скопје за 2010, 2011, 2012 и дел од добивката за 2013 година“, се вели во одлуката објавена преку Македонската берза.