Стопанска банка Скопје минатата година остварила фантастична добивка од 31,17 милиони евра. Ова го покажува неревидираниот финансиски извештај на банката за 2015 година, кој вчера беше испратен до Македонската берза за хартии од вредност. Билансот на успех на Стопанска банка Скопје за лани покажува дека нејзиниот профит е зголемен за 26,7 отсто. Односно, минатата година добивката изнесувала 31,17 милиони евра, откако 2014 година ја заврши со 24,59 милиони евра. Стопанска банка Скопје лани остварила нето-приходи од камати од 54,81 милиони евра, откако во 2014 година овие приходи изнесувале 50,90 милиони евра.
Стопанска банка Скопје минатата година остварила фантастична добивка од 31,17 милиони евра.
Ова го покажува неревидираниот финансиски извештај на банката за 2015 година, кој вчера беше испратен до Македонската берза за хартии од вредност.
Билансот на успех на Стопанска банка Скопје за лани покажува дека нејзиниот профит е зголемен за 26,7 отсто. Односно, минатата година добивката изнесувала 31,17 милиони евра, откако 2014 година ја заврши со 24,59 милиони евра.
Стопанска банка Скопје лани остварила нето-приходи од камати од 54,81 милиони евра, откако во 2014 година овие приходи изнесувале 50,90 милиони евра. Банката од нето-приходи од провизии и надоместоци лани има мало намалување на приходите, односно тие изнесувале 15,205 милиони евра, откако во 2014 биле 15,228 милиони евра.
Додека, од преостанати приходи од дејноста Стопанска банка Скопје лани остварила 4,056 милиони евра, наспроти 3,404 милиони евра во 2014 година.
А ставката трошоци за исправка на вредноста на финансиските средства изнесува 8,296 милиони евра, откако во 2014 таа сума била поголема и изнесувала 10,276 милиони евра.