Странците да не им ги крадат текстилците на домашните компании

Bez autora
Mar 22 2016

Државата губи со тоа што обучени работници одат во странските фирми за малку поголема плата за која не се плаќаат давачки, реагираат од Здружението на текстилната индустрија Компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони им се нелојална конкуренција на домашните текстилни капацитети. Пожелно е државата да им наложи на инвеститорите во зоните да ангажираат работници преку Агенцијата за вработување, со што ќе се спречи одливот на обучената работна сила во странски текстилни компании и конфекции, за минимално поголема плата. Има примери обучен работник на кој му се плаќаат придонесите, од домашна фирма, да замине да работи во некоја компанија во економска зона, каде што за неговата плата не се плаќаат даноци и придонеси.

Странците да не им ги крадат текстилците на домашните компанииДржавата губи со тоа што обучени работници одат во странските фирми за малку поголема плата за која не се плаќаат давачки, реагираат од Здружението на текстилната индустрија

Компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони им се нелојална конкуренција на домашните текстилни капацитети. Пожелно е државата да им наложи на инвеститорите во зоните да ангажираат работници преку Агенцијата за вработување, со што ќе се спречи одливот на обучената работна сила во странски текстилни компании и конфекции, за минимално поголема плата.

„Има примери обучен работник на кој му се плаќаат придонесите, од домашна фирма, да замине да работи во некоја компанија во економска зона, каде што за неговата плата не се плаќаат даноци и придонеси. Со тоа, во суштина, ниту се намалува бројот на невработени од листите на Агенцијата за вработување, ниту им се помага на фондовите“, изјави на вчерашната прес-конференција Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекција, при Стопанската комора на Македонија.

Според него, пожелно е да се зголемат платите, да се почитуваат целосно правата на работниците и да се инсистира преку Владата, фирмите од ТИРЗ, ако сакаат да користат обучени работници, да немаат привилегии и субвенции.

„Доколку компаниите сакаат да останат продуктивни, покрај порастот на платите, треба да вложуваат и во посовремени машини. Притоа, со ист број работници ќе се остварува поголемо производство и тие ќе бидат конкурентни на странските пазари“, рече Димитров.

Компаниите реагираат дека странските фирми кои земаат готови производи од наши фабрики ги купуваат со ДДВ, иако стоката е за извоз и мора да чека на негов поврат, три до четири месеци. Затоа ќе се бара од надлежните ослободување од ДДВ за трговските компании преку кои се реализира извозот. Исто така, ќе се побараат и грантови, субвенции и поволни кредитни линии за набавка на нова опрема за производство, со цел домашните фирми да бидат конкурентни на пазарот.

Инаку, во текстилот просекот на платите лани изнесуваше 14.010 денари. Преовладува лон-производството, кое во вкупниот извоз учествува со 93 проценти. Според статистиката, производството на текстилни ткаенини лани, во однос на 2014 година, е зголемено за 14,8 проценти, а на облека за 6,7 проценти.

Извозот на текстил лани изнесувал 67,1 милион долари, а на готовите текстилни производи 529,3 милиони долари. Најголеми партнери се: Германија, Грција, Италија и Холандија.

Според податоците на комората, бројот на вработени во текстилната индустрија се намалува. Во 2007 година во оваа гранка работеле 43.848 лица, а во 2014 37.841, што претставува 35 проценти од вработените во преработувачката индустрија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik