Неколкумина турски бизнисмени дојдоа во Тиквешко, во посета на неколку винарници во тој регион. Целта на посетата беше гостите кои имаат желба за извоз на тиквешко вино во Турција, да ги согледаат на терен можностите за соработка. Посетата беше во рамки на традиционалната манифестација „Духовден - Праскобер“ која минатиов викенд се одржа во Росоман, како најголем регион за производство на праски во Македонија. Делегацијата ја предводи Фикрет Чам, поранешен градоначалник на Јеникен, општина збратимена со Росоман.
Неколкумина турски бизнисмени дојдоа во Тиквешко, во посета на неколку винарници во тој регион. Целта на посетата беше гостите кои имаат желба за извоз на тиквешко вино во Турција, да ги согледаат на терен можностите за соработка.
Посетата беше во рамки на традиционалната манифестација „Духовден - Праскобер“ која минатиов викенд се одржа во Росоман, како најголем регион за производство на праски во Македонија.
„Делегацијата ја предводи Фикрет Чам, поранешен градоначалник на Јеникен, општина збратимена со Росоман. Тој сега е советник во општините Баргама и Измир. Целта на посетата на тиквешките винарници е воспоставување соработка заради извоз на квалитетното тиквешко вино“, изјави Ѓорѓи Крстевски, портпарол на росоманската локална самоуправа.
Во рамки на манифестацијата, која веќе неколку години се организира во Росоман, се одржуваат и спортски и културни настани, на кои присуствуваат гости од земјава и од странство.
Годинава немаше симболично откинување на првата праска бидејќи, како што рече Крстевски, праските созреаја порано и веќе добар дел од нив завршија на домашните пазари, а најмногу во странство.