Странските инвестиции растат, но потфрлиле во април

Bez autora
Jul 19 2011

Директните странски инвестиции во земјава во првите четири месеци од годинава изнесуваат 186,8 милиони евра. Според податоците што ги објави Народната банка на Македонија (НБМ), оваа сума е двојно поголема од таа за истиот период лани, кога во Македонија влегле 78,3 милиони евра инвестиции. И покрај повисоките суми споредени со лани, странските инвестиции во април бележат негативно салдо од 20,3 милиони евра. Тоа покажува дека странските фирми повеќе изнеле пари од земјава, отколку што внеле капитал. Односно, во тој месец изнеле 41,1 милион евра, а во Македонија вложиле 20,8 милиони. На крајот од март беа регистрирани 207,1 милион евра странски вложувања, кои по лошите резултати во април паднаа на 186,8 милиони. Податоците од НБМ покажуваат дека во структурата на овие инвестиции најголемо учество имаат акционерскиот капитал и реинвестираната добивка, на кои отпаѓаат 127,7 милиони евра.

Странските инвестиции растат, но потфрлиле во априлДиректните странски инвестиции во земјава во првите четири месеци од годинава изнесуваат 186,8 милиони евра.

Според податоците што ги објави Народната банка на Македонија (НБМ), оваа сума е двојно поголема од таа за истиот период лани, кога во Македонија влегле 78,3 милиони евра инвестиции.

И покрај повисоките суми споредени со лани, странските инвестиции во април бележат негативно салдо од 20,3 милиони евра. Тоа покажува дека странските фирми повеќе изнеле пари од земјава, отколку што внеле капитал. Односно, во тој месец изнеле 41,1 милион евра, а во Македонија вложиле 20,8 милиони. На крајот од март беа регистрирани 207,1 милион евра странски вложувања, кои по лошите резултати во април паднаа на 186,8 милиони.

Податоците од НБМ покажуваат дека во структурата на овие инвестиции најголемо учество имаат акционерскиот капитал и реинвестираната добивка, на кои отпаѓаат 127,7 милиони евра. Голем дел од вкупните инвестиции од јануари до април, односно 75,5 милиони, отпаѓаат на кредити што ги зеле странските фирми кои работат во земјава, од кои најголемиот дел се кредити од нивните матични компании во странство.

Проекциите на Владата се дека до крајот на годинава во земјава ќе влезат од 300 до 350 милиони странски инвестиции, а по четири години тие ќе се удвојат. Новата Влада во својата програма вети дека до крајот на 2015 година во Македонија странците вкупно ќе инвестираат околу две милијарди евра. Годинава, единствената поконкретна најава за инвестиција е таа на американската фирма „Кемет електроникс“, која постави камен-темелник на новата фабрика во Слободната економска зона „Бунарџик“. Германската компанија „Кронберг и Шуберт“ планира да гради фабрика за автоделови во битолската индустриска зона Жабени, а слична најава за в година има и италијанската „Текнохозе“ која планира да инвестира во Бунарџик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik