Странските инвестиции во првите два месеци годинава изнесуваат 26,3 милиони евра, што е за два милиони евра повеќе споредено со истиот период минатата година, објави Народната банка на Македонија во последните статистички податоци за влез на директен странски капитал во државата. Според податоците на Народната банка, странските инвестиции во февруари минатата година изнесувале 24, 3 милиони евра, што е помалку од годинава. Податоците за влез на странски капитал од почетокот на годината јасно покажуваат дека заложбите на Владата во привлекување на странски инвестиции полека но сигурно ги даваат посакуваните резултати. Најголемиот дел од инвестираното во февруари е акционерски капитал и реинвестирана добивка, вкупно 17, 2 милиони евра.
Странските инвестиции во првите два месеци годинава изнесуваат 26,3 милиони евра, што е за два милиони евра повеќе споредено со истиот период минатата година, објави Народната банка на Македонија во последните статистички податоци за влез на директен странски капитал во државата. Според податоците на Народната банка, странските инвестиции во февруари минатата година изнесувале 24, 3 милиони евра, што е помалку од годинава.
Податоците за влез на странски капитал од почетокот на годината јасно покажуваат дека заложбите на Владата во привлекување на странски инвестиции полека но сигурно ги даваат посакуваните резултати.
Најголемиот дел од инвестираното во февруари е акционерски капитал и реинвестирана добивка, вкупно 17, 2 милиони евра.
Владата за годинава, најави дека странските директни инвестиции ќе надминат 300 милиони евра. Тоа го поткрепи и со перманентното најавување на нови инвестиции и кои ќе отворат нови работни места во земјава. Само во изминатите три недели девет странски компании најавија отворање на производствени погони во Македонија и отварање на илјадници нови работни места. Меѓу поголемите странски инвеститори се Турската групација "Веибо груп" која ќе инвестира 180 милиони долари во изградба на текстилен град во североисточниот дел во Македонија, во кој ќе бидат отворени од 4.000 до 5.000 работни места. Украинската компанија "Енергиа" ЛТД која ќе инвестира 18 милиони долари во фабрика за прочистување на вода во слободната зона во Бунарџик, во која ќе се вработат над 150 луѓе. Италијанската компанија "Диатек" која ќе инвестира 10 милиони евра во изградба на производствен погон за апарати за дигитално печатење, во кој е предвидено да се вработат 200 лица, како и американската групација "КСС" која ќе инвестира 20 милиони долари во фабрика за автомобилски делови во слободната зона во Кичево, каде што ќе бидат отворени 200 нови работни места.
Лани вкупниот обем на странски инвестиции лани изнесуваше 251,5 милиони евра. За годинава, пак, се очекува да се остварат најмалку 300 милиони евра, странски директни инвестиции.
Податоците на НБРМ, за лани покажуваат дека најмногу инвестиции дошле од Велика Британија (44,63 милиони евра), потоа од Австрија (36,54 милиони евра) и Германија (над 27 милиони евра).
Според премиерот Никола Груевски, странските инвеститори коишто веќе донесоа одлука да инвестираат во Македонија и оние што се во сериозни преговори за изградба на производствен погон во земјата во наредниот период ќе отворат најмалку 64.000 работни места.
Според него, тоа го покажува и фактот што само во последните три недели најавите ги направија девет странски инвеститори, кои ќе отворат вкупно 13.000 работни места.
Според вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, во изминатиот период се објавени инвестиции во неколку различни локации низ државата, односно во Охрид, Кичево, Гевгелија, Кочани, Скопје, се со цел инвестициите од различни сектори и од различни индустрии да бидат распоредени низ државата.