Странските инвеститори со државна помош - ниски плати и високи добивки

Bez autora
Feb 05 2017

Да се преиспитаат владините политики на издвојување големи суми државни пари за поддршка на странските инвеститори во земјава, и да се прекине со практиката на давање значајни субвенции. Ова, парафразирано, е препораката на професорот Бранимир Јовановиќ, кој вчера го промовираше својот труд „Вистинската цена на евтината работна сила“, во кој низ серија истражувања и интервјуа на терен во 25 странски компании кои добиле државна помош, се аргументира дека трошоците што ги прави државата за привлекување странски инвеститори се далеку повисоки од директните ефекти што тие ги носат за државава. Односно, дека со државната помош нашите даночните обврзници практично го „билдаат“ профитот на дел од странските фирми, кои од друга страна, делат ниски плати. Студијата покажа дека директните трошоци од владините политики за поддршка на странските инвестиции изнесуваат околу 160 милиони евра, и се значајно повисоки од директните ефекти на овие политики, кои изнесуваат 92 милиони евра, а тоа се платите на работниците што работат во овие фабрики, вели Јовановиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки.

Странските инвеститори со државна помош - ниски плати и високи добивкиДа се преиспитаат владините политики на издвојување големи суми државни пари за поддршка на странските инвеститори во земјава, и да се прекине со практиката на давање значајни субвенции.

Ова, парафразирано, е препораката на професорот Бранимир Јовановиќ, кој вчера го промовираше својот труд „Вистинската цена на евтината работна сила“, во кој низ серија истражувања и интервјуа на терен во 25 странски компании кои добиле државна помош, се аргументира дека трошоците што ги прави државата за привлекување странски инвеститори се далеку повисоки од директните ефекти што тие ги носат за државава. Односно, дека со државната помош нашите даночните обврзници практично го „билдаат“ профитот на дел од странските фирми, кои од друга страна, делат ниски плати.

„Студијата покажа дека директните трошоци од владините политики за поддршка на странските инвестиции изнесуваат околу 160 милиони евра, и се значајно повисоки од директните ефекти на овие политики, кои изнесуваат 92 милиони евра, а тоа се платите на работниците што работат во овие фабрики“, вели Јовановиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки. Во овој период нето-добивката на помаганите фирми изнесувала 235 милиони евра, односно 2,5 пати повеќе од платите на работниците.

„Директните трошоци на владата за привлекување странските инвестиции во периодот од 2007 до 2015 изнесуваат 160 милиони евра. Вкупниот број на вработени во фирмите кои добиле државна помош е 12.600, што значи дека трошоците по вработен изнесуваат 12.580 евра. За споредба, во Србија во периодот од 2014 до 2016, Владата исплатила 159 милиони евра субвенции на странските компании, но овие фирми вработиле 20.967, што значи државните субвенции по работник во Србија се 7.644 евра или 5.000 евра помалку од Македонија“, се вели во студијата.

Во врска со работничките права, студијата открила дека во анализирани пет странски фабрики, кои вработуваат 10.049 лица (анализите се направени преку интервјуа со работници во нив) се присутни индиции за кршење на работничките права. „Најчест пример е мобингот, односно во четири од компаниите работниците кажале дека е редовна праксата на мобирање, односно омаловажување, тие да се принудуваат да работат за време на викенд или државен празник, или да не им се плаќа за тоа, недозволување да одат слободно во тоалет, да не се запознаени со здравствени ризици при нивната работа, така што генералната слика е дека сите пет, кои се всушност најзначајните странски фирми во земјава кои добиле државна помош, на некој начин ги кршат работничките права“, вели Јовановиќ. Просечната плата во овие 25 компании лани е 261 евро, или околу 100 евра пониска од просечната плата во земјава. Во сите фирми работниците кажале дека работата е тешка и не се достојно платени за трудот. Договорите за работа се меѓу три и шест месеци.

Јовановиќ вели дека не држи аргументот дека со овие странски инвестиции е намалена невработеноста, бидејќи во овие 25 странски фирми се вработени 12.600 вработени, што е прилично мал број со оглед на средствата што им се дадени. Овој аналитичар смета дека идната влада треба да води политика на стимулирање пред се на домашни инвестиции. „Треба да се формира државен инвестициски фонд кој ќе ја преземе инвестициската функција од Владата. Тој треба да биде непартизиран и независен, и ќе треба да се занимава со инвестирање во инфраструктура, во јавни добра и услуги, како и поддршка на фирмите кои што сакаат да инвестираат во производство“, вели Јовановиќ.

На вчерашната презентација се презентираа наодите од повеќе истражувања и се дебатираше за ефектите од инвестициите. Благица Петрески од „Фајнанс тинк“ нагласи дека Јовановиќ својата книга ја започнува со тезата дека во земјава „постои своевиден фетиш за странските инвестиции“, и тие во изминативе 25 години се истакнувани како клучен двигател за економскиот развој.

Александар Јанев од истражувачката мрежа БИРН вели дека појдовна основа на истражувањето што тие неодамна го презентираа, бил фактот што за јавноста има недостиг на информации за тоа кој е ефектот од СДИ. „Се создаде перцепција дека секоја недела доаѓа странски инвеститор во земјава, отвора фабрики и вложува милиони евра, а вработува и голем број работници“, рече Јанев. Нивната анализа покажа дека од 138 најавени инвестиции, 51 се реализирале, 44 се во тек, а дури 43 воопшто не се реализирале.

Соња Стојадиновиќ од левичарското движење „Солидарност“ рече дека истражување правено на барање на германскиот синдикат на металски фабрики, кое било побарано конкретно за работниците во македонската фабрика на „Дрекселмаер“ во Кавадарци, најмногу поради смртта на работничка во мај 2015 година, што било алармантно за челниците во Германија, покажало страшни резултати. „Се дозна дека и платите и условите за работа се во рамки на модерно робовладетелство“, рече Стојадиновиќ.

Дел од говорниците на дебатата прашаа како министрите и другите државни функционери за привлекување странски инвестиции не поднеле досега оставки на олку ниски ефекти. Други, пак, ја критикуваа политиката на ниски даноци во земјава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik