Во првите два месеци од годинава Македонија остварила вкупен обем на размена со странство во вкупна вредност од 1,7 милијарди долари, што е за 9,2 проценти повеќе од истиот период минатата година. При тоа, биле извезени стоки во вредност од 747 милиони долари, што е за 7,2 проценти повеќе од првите два месеци лани, објави вчера Државниот завод за статистика, а лонот учествувал со 167 милиони евра. Увозот, пак, изнесувал 1 милијарда долари, што е 10,8 отсто повеќе во споредба со периодот јануари - февруари 2016 година. Или, трговскиот дефицит за јануари и февруари годинава е пресметан на 267 милиони долари. Во извозот најголемо било учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење, за возила, авиони или за бродови, фероникелот и облеката.
Во првите два месеци од годинава Македонија остварила вкупен обем на размена со странство во вкупна вредност од 1,7 милијарди долари, што е за 9,2 проценти повеќе од истиот период минатата година. При тоа, биле извезени стоки во вредност од 747 милиони долари, што е за 7,2 проценти повеќе од првите два месеци лани, објави вчера Државниот завод за статистика, а лонот учествувал со 167 милиони евра. Увозот, пак, изнесувал 1 милијарда долари, што е 10,8 отсто повеќе во споредба со периодот јануари - февруари 2016 година. Или, трговскиот дефицит за јануари и февруари годинава е пресметан на 267 милиони долари.
Во извозот најголемо било учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење, за возила, авиони или за бродови, фероникелот и облеката. Во увозот, пак, најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури и електричната енергија.
Во овие два месеци од годинава Македонија најмногу извезла машини и транспортни уреди во вредност од 218 милиони долари, што е за 5,2 отсто повеќе од истиот период лани. По нив, се хемиските и сродните производи кои сме ги извезле во вредност од 193 милиони долари или за 13 проценти повеќе од јануари - февруари ланската година. А, на трето место според вредноста се разните готови производи, а извозот достигнал 123 милиони долари. И во увозот доминираат машините и транспортните уреди, увезени во вредност од 217 милиони долари или за 10,3 отсто повеќе од првите два месеци минатата година. По нив се минералните горива и мазива кои сме ги увезле во вредност од 120 милиони долари, па хемиските производи чиј увоз изнесувал 114 милиони долари.
Како и во претходните години, статистиката покажува дека Македонија најмногу тргува со членките на ЕУ 28, со кои сме оствариле обем на размена од 626 милиони долари, по нив се земјите на Западен Балкан со кои размената во двата месеци од годинава вредела 71 милион долари.
Најмногу сме тргувале повторно со Германија, 492 милиони долари, Велика Британија, 120 милиони долари, Грција, 103 милиони долари и Србија со која сме оствариле 92 милиони долари вкупен обем на размена.
Последните податоци за трговската размена повторно покажуваат дека странските компании во индустриските зони се главните креатори на македонскиот извоз и дека речиси една третина од вкупниот извоз се реализира во технолошките зони. На пример, во 2015 година од зоните биле испорачани производи во вредност од 1,5 милијарда евра, што претставуваше околу една третина од вкупниот годишен извоз на земјата, а тоа, пак, беше раст од 26 отсто во однос на 2014 година. Најавите на надлежните се дека во 2016 година ќе биде уште поголем извозот од зоните, а како поткрепа се податоците за првите пет месеци од ланската година, кога извозот од ТИРЗ-те надмина 715 милиони евра.