Странските компаниите главни креатори на извозот

Bez autora
Jan 05 2017

За единаесет месеци од минатата година вкупната размена со странство изнесувала 9,4 милијарди евра, а трговскиот дефицит достигнал 1,6 милијарди евра, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС. Во периодот јануари - ноември, вкупната вредност на извозот на стоки изнесувала 3,9 милијарди евра, за 5,4 отсто повеќе во однос на истиот период од 2015 година. Додека вредноста на увезената стока била 5,5 милијарди евра, за 5,2 отсто повеќе споредено со истиот период од една година претходно. Во извозот, како што е веќе подолго време, најголемо било учеството на катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, потоа на сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, како и фероникел и облека. Во увозот, пак, најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, и електричната енергија.

Странските компаниите главни креатори на извозотЗа единаесет месеци од минатата година вкупната размена со странство изнесувала 9,4 милијарди евра, а трговскиот дефицит достигнал 1,6 милијарди евра, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС. Во периодот јануари - ноември, вкупната вредност на извозот на стоки изнесувала 3,9 милијарди евра, за 5,4 отсто повеќе во однос на истиот период од 2015 година. Додека вредноста на увезената стока била 5,5 милијарди евра, за 5,2 отсто повеќе споредено со истиот период од една година претходно.

Во извозот, како што е веќе подолго време, најголемо било учеството на катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, потоа на сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, како и фероникел и облека. Во увозот, пак, најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, и електричната енергија. 

Во увозот најголема била вредноста на машините и транспортните уреди, кои сме ги увезле во вредност од 1,1 милијарда евра. На второ место е увозот на разни хемиски производи чија вредност изнесувала 661 милион евра, додека увозот на храна и живи животни вредел 500 милиони евра, приближно колку и вредноста на увезените минерални горива и мазива. Исто така, од земјава најмногу биле извезени машини и транспортни уреди, во вредност од 1,1 милијарда евра, потоа хемиски производи во вредност од 947 милиони евра и храна и живи животни вредни 290 милиони евра. 

И последните податоци за трговската размена повторно покажуваат дека странските компании кои работат во индустриските зони се главните креатори на извозот. На пример, во 2015 година од зоните биле испорачани производи во вредност од 1,5 милијарда евра, што претставуваше околу една третина од вкупниот извоз на земјата, а тоа претставуваше раст од 26 отсто во однос на 2014 година. Најавите на Владата беа дека во 2016 година ќе биде уште поголем извозот од зоните, а како поткрепа на тоа се податоците за првите пет месеци од ланската година, кога извозот од ТИРЗ-те надмина 715 милиони евра. 

Инаку, Македонија во 11 месеци од 2016 година најмногу тргувала со земјите членки на ЕУ, со кои е остварена размена од 3,1 милијарда евра или една третина од вкупната трговска размена. При тоа, Германија останува нашиот најголем партнер. Само со оваа земја сме реализирале размена на стоки во вредност од 2,5 милијарди евра. На второ место е Велика Британија со која сме размениле стоки вредни 654 милиони евра, а трет најголем партнер била Србија, со обем на размена од 581 милион евра. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik