Министерот за економија на Република Македонија, Крешник Бектеши и министеркaта за енергетика на Република Бугарија, Теменужка Петкова потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете министерства. Меморандум предвидува продлабочување на соработката во енергетиката и развој на билатерално стратешко партнерство во секторот на природниот гас, преку развивање на нова директна врска меѓу системите на природен гас на Република Македонија и на Република Бугарија. За реализација на предвиденото, планирано е создавање на меѓудржавна експертска работна група за гас, која во рок од шест месеци по стапувањето на сила на овој документ ќе треба да подготви нацрт технолошко-економски елаборат за изградба на новото гасно поврзување. Потпишувањето на меморандумот е чекор напред во исполнување на целите на соработка во областа на енергетиката меѓу двете земји, создавање на регионален енергетски пазар во земјите на Југоисточна Европа и целосна интеграција со внатрешниот енергетски пазар на Енергетската заедница.
Министерот за економија на Република Македонија, Крешник Бектеши и министеркaта за енергетика на Република Бугарија, Теменужка Петкова потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете министерства.
Меморандум предвидува продлабочување на соработката во енергетиката и развој на билатерално стратешко партнерство во секторот на природниот гас, преку развивање на нова директна врска меѓу системите на природен гас на Република Македонија и на Република Бугарија. За реализација на предвиденото, планирано е создавање на меѓудржавна експертска работна група за гас, која во рок од шест месеци по стапувањето на сила на овој документ ќе треба да подготви нацрт технолошко-економски елаборат за изградба на новото гасно поврзување.
Потпишувањето на меморандумот е чекор напред во исполнување на целите на соработка во областа на енергетиката меѓу двете земји, создавање на регионален енергетски пазар во земјите на Југоисточна Европа и целосна интеграција со внатрешниот енергетски пазар на Енергетската заедница.