Градот помеѓу двете води, или како што повеќе го нарекуваат градот на мостови, Струга, деновиве ги живее своите најплодни моменти. Насекаде се чувствува исполнетост, раздвиженост во текот на целиот ден. Од претпладневните часови се чувствува исполнетоста на плажите на кои има многубројни гости. Цените на струшката ривиера се прифатливи за сечиј џеб. Лежалките на дел од плажите се нудат бесплатно, а на одредени плажи тие чинат 100 денари со гратис кафе. Водата и во овој дел од езерото е топла, температурата е околу 21 степен, што овозможува пријатно разладување особено во попладневните часови. Приватното сместување во Струга е речиси исполнето. Сместувачките капацитети кои ги нуди градот се движат од 300 денари за ноќевање па нагоре, а во апартманското сместување од 20 евра нагоре.
Градот помеѓу двете води, или како што повеќе го нарекуваат градот на мостови, Струга, деновиве ги живее своите најплодни моменти. Насекаде се чувствува исполнетост, раздвиженост во текот на целиот ден. Од претпладневните часови се чувствува исполнетоста на плажите на кои има многубројни гости.
Цените на струшката ривиера се прифатливи за сечиј џеб. Лежалките на дел од плажите се нудат бесплатно, а на одредени плажи тие чинат 100 денари со гратис кафе. Водата и во овој дел од езерото е топла, температурата е околу 21 степен, што овозможува пријатно разладување особено во попладневните часови.
Приватното сместување во Струга е речиси исполнето. Сместувачките капацитети кои ги нуди градот се движат од 300 денари за ноќевање па нагоре, а во апартманското сместување од 20 евра нагоре. Додека, пак, состојбата со хотелското сместување е на задоволително ниво. Хотелиерите се задоволни од нивните аранжмански понуди и исполнетост. На струшката ривиера и годинава најприсутни се холандските гости, како и гостите од Турција и Албанија.
„Оваа туристичка сезона можеме да кажеме дека е успешна, во споредба со 2014. На еднакво ниво сме со лани, но како што се движи сезоната, во одредени ситуации сме и подобри од минатата година“, вели Елизабета Марковска од одделот за продажба и маркетинг во хотел „Дрим“.
И угостителите тријат раце од задоволство. Рестораните, кафулињата и сите други струшки локали се исполнети до последното место, особено во вечерните часови. Нивната понуда е за некој денар поевтина ако се прави споредба со Охрид. Кафето се движи од 50 денари нагоре, пивото од 70 денари нагоре, а слично е и со алкохолните пијалаци. Што се однесува, пак, до рестораните, нивните цени се од 140 денари па нагоре, во зависност од нарачката.
„Македонија е богата земја со многу културни знаменитости и многу ни се допаѓа тоа, но секако и Охридското Езеро и неговите плажи“, вели турист од Турција.
За зголемување на бројот на туристите, градоначалникот на Струга, Зијадин Села, најави туристичка стратегија, која покрај сместувачките капацитети ќе опфати и културни манифестации, кои се предвидени за оваа сезона. Со сите овие новини, напори и идеи, Струга е на добар пат да застане речиси рамо до рамо со попознатиот Охрид.