Нови 1.000 работни места ќе бидат отворени со инвестицијата на германската компанија „СТС Текстајлс“, која ќе отвори фабрика за производство на технички и индустриски текстил во Велес. Фабриката ќе биде сместена во просториите на поранешната фабрика „Нонча Камишева“, позната како поранешна „Свилара“. За инвестицијата во Македонија, германската „СТС Текстајлс“ ја отвори компанијата „Лутекс Македонија“. Во почетокот ќе бидат вработени 50 лица, а во следните пет години, се планира да бидат ангажирани до 1.000 лица. Првичната инвестиција се проценува на околу 4 милиони евра, а во следните пет години ќе бидат инвестирани до 7 милиони евра.
Нови 1.000 работни места ќе бидат отворени со инвестицијата на германската компанија „СТС Текстајлс“, која ќе отвори фабрика за производство на технички и индустриски текстил во Велес.
Фабриката ќе биде сместена во просториите на поранешната фабрика „Нонча Камишева“, позната како поранешна „Свилара“. За инвестицијата во Македонија, германската „СТС Текстајлс“ ја отвори компанијата „Лутекс Македонија“.
Во почетокот ќе бидат вработени 50 лица, а во следните пет години, се планира да бидат ангажирани до 1.000 лица. Првичната инвестиција се проценува на околу 4 милиони евра, а во следните пет години ќе бидат инвестирани до 7 милиони евра.
Сопственикот на „СТС Текстајл“ планира да започне со производство во Македонија веќе за една до две недели, а повеќето од производите ќе се извезуваат во Германија, Франција, Италија и во Полска.
Германската компанија ја најави намерата за инвестирање во февруари минатата година, сакајќи да инвестира во Демир Хисар, но од објективни причини, подоцна е донесена одлука фабриката да се отвори во Велес.
Договорот за инвестирање беше потпишан денеска во Скопје. За вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, инвестицијата е потврда дека условите за водење и започнување бизнис во Македонија се на високо ниво. Со оваа инвестиција, како што посочи Пешевски, се очекува дополнително да се намали невработеноста, да се влијае врз извозот на стоки од Македонија, да се воведат нови технологии и да се креираат индиректни работни места во домашните фирми со кои ќе соработува оваа германска компанија.
„Со отворањето на ’Маркарт‘, инвестицијата на индиската БРГ, како и со започнувањето на работата на ’СТС Текстајлс‘ очекуваме позитивни ефекти во Велес и дополнително намалување на невработеноста, која во изминатите 10 години, со имплементирањето на комплементарните економски политики, е намалена за околу 50 проценти. Ако на почетокот од 2007 година бројот на невработени во овој град изнесуваше 15.500 лица, денес таа бројка е 7.400 лица“, истакна Пешевски.
Тој нагласи дека со политиката за привлекување странски инвестиции и со владините проекти за поддршка на домашните компании, намалена е невработеноста на рекордни 24 проценти.
„Во поглед на странските директни инвестиции, би сакал да потсетам дека во првите осум месеци во 2016 година имаме позитивен тренд, односно вкупниот прилив во овој период изнесува 171 милион евра, што ако се спореди со истиот период лани, претставува подобрување за 13 милиони или процентуално за 7,7 отсто повеќе“, рече Пешевски.
Сопственикот на компанијата истакна дека одлуката за нивната прва инвестиција надвор од Германија ја донеле откако ја согледале Македонија како соврешно опкружување за она што сакаат да го реализираат.
„Задоволство ми е што сме тука и благодарност за сето она што беше направено да се случи оваа инвестиција. Сега останува на нас да го одржиме нашиот збор. Ветивме дека ќе ја инсталираме најсовремената технологија, и ќе го направиме тоа. Веќе почнавме со вработување на лицата кои ќе работат во компанијата и останува нашето ветување дека ќе ги следиме плановите за инвестирање во иднина, со цел ’Лутекс‘ да биде многу успешна компанија во Македонија“, истакна сопственикот на германската компанија, Маркус Туч.
Германската „СТС Текстајлс“ е една од 100. најдоброрангирани иновативни компании во Германија во 2014 година. Компанијата има 30-годишно искуство во производството на текстил.