Националните ресторани-меани ќе добиваат субвенции од Министерството за економија во висина до 120.000 денари. Угостителските објекти, кои се заинтересирани да работат како меана, ќе добијат преку кофинансирање 60 проценти од докажаните трошоци, кои ќе се направат за набавка на опрема, алати и инвентар, печатење промотивен материјал, учество на обуки, семинари и презентации, уредување или подобрување на деловниот простор. Фондот за субвенционирање изнесува милион денари, а изборот на пристигнатите барања ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“. Рестораните на огласот на Министерството можат да се пријават до 30 септември годинава.
Националните ресторани-меани ќе добиваат субвенции од Министерството за економија во висина до 120.000 денари.
Угостителските објекти, кои се заинтересирани да работат како меана, ќе добијат преку кофинансирање 60 проценти од докажаните трошоци, кои ќе се направат за набавка на опрема, алати и инвентар, печатење промотивен материјал, учество на обуки, семинари и презентации, уредување или подобрување на деловниот простор. Фондот за субвенционирање изнесува милион денари, а изборот на пристигнатите барања ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Рестораните на огласот на Министерството можат да се пријават до 30 септември годинава.