Светска банка со поддршка на Македонија од 36,4 милиони евра

Bez autora
Aug 10 2014

Македонија вчера на сметката на буџетот доби 36,4 милиони евра од Заемот за развојни политики за конкурентност, финансиран од Светска банка, соопшти Министерството за финансии. Република Македонија ги доби овие средства за успешно спроведување на реформите и развојните политики на Владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста. Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку привлекување инвестиции, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста на трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој на вештини и иновации - се наведува во соопштението.

Светска банка со поддршка на Македонија од 36,4 милиони евраМакедонија вчера на сметката на буџетот доби 36,4 милиони евра од Заемот за развојни политики за конкурентност, финансиран од Светска банка, соопшти Министерството за финансии.

- Република Македонија ги доби овие средства за успешно спроведување на реформите и развојните политики на Владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста. Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку привлекување инвестиции, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста на трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој на вештини и иновации - се наведува во соопштението.

Овој заем е продолжение на Првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност во износ од 38,7 милиони евра од 2013 година. Kако што стои во соопштението, доделувањето и втор заем е потврда за довербата на Светска банка во квалитетот на економските политики во Република Македонија.

Одржувањето на макроекономската стабилност и континуираното спроведување на реформски мерки од страна на Владата насочени кон зголемување на инвестициите, вработеноста и конкурентноста на македонската економија во континуитет се позитивно оценети од Светската банка, што резултира со нивна финансиска поддршка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik