Свежи 50 милиони евра од ЕИБ на располагање на компаниите

Bez autora
Oct 20 2011

Нови 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) од вчера станаа ефективни, односно нови свежи пари им се дадени на располагање на малите и средни претпријатија во Македонија. Со каматна стапка од 5,5 проценти, компаниите ќе имаат можност да аплицираат за два вида кредити: инвестициски кредити и за трајни и обртни средства. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, висината на инвестициските кредити ќе се движи од 10.000 до 3,5 милиони евра со рок на отплата до осум години и грејс-период од две години. Кредитите за трајни обртни средства ќе бидат од пет илјади до 670 илјади евра, со рок на враќање до три години и грејс-период од шест месеци. Средствата ќе бидат дистрибуирани од Македонската банка за поддршка на развојот преку комерцијалните банки со поволни услови. Ќе се одобруваат преку деветте банки кои беа вклучени во првата транша од 100 милиони евра, но побарана е согласност од ЕИБ да бидат вклучени уште три банки за полесна достапност до крајните корисници.

Свежи 50 милиони евра од ЕИБ на располагање на компаниитеНови 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) од вчера станаа ефективни, односно нови свежи пари им се дадени на располагање на малите и средни претпријатија во Македонија.

Со каматна стапка од 5,5 проценти, компаниите ќе имаат можност да аплицираат за два вида кредити: инвестициски кредити и за трајни и обртни средства. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, висината на инвестициските кредити ќе се движи од 10.000 до 3,5 милиони евра со рок на отплата до осум години и грејс-период од две години.

- Кредитите за трајни обртни средства ќе бидат од пет илјади до 670 илјади евра, со рок на враќање до три години и грејс-период од шест месеци - објасни Ставревски.

Средствата ќе бидат дистрибуирани од Македонската банка за поддршка на развојот преку комерцијалните банки со поволни услови. Ќе се одобруваат преку деветте банки кои беа вклучени во првата транша од 100 милиони евра, но побарана е согласност од ЕИБ да бидат вклучени уште три банки за полесна достапност до крајните корисници.

- Користењето на овие 50 милиони евра е значајно во денешни услови кога во Европа кризата зазема се поголеми размери и кога е извесно дека банкарскиот сектор и во Европа и во нашата земја се соочува со дополнителни ризици заради кои евидентно е дека пристапот до финансиски средства станува се поотежнат. Затоа навреме ги почнавме подготовките да обезбедиме нови финансиски средства за македонските фирми и успеавме да ги завршиме сите подготвителни активности - истакна Ставрески.

Тој најави нови 100 милиони евра од ЕИБ кога ќе бидат искористени 70 проценти од оваа транша од 50 милиони евра, кои се очекува дека ќе бидат многу брзо искористени од македонските компании.

Стопанските комори во државата се задоволни и изразија подготвеност за искористување на овие средства.

- Се она што како поволни услови за кредитирање ќе пристигне од било која страна е многу значајна работа во услови на глобална економска криза. Убеден сум дека компаниите во Македонија имаат инвестициски проекти и можности да ги искористат овие средства многу брзо, рече Бранко Азески од Стопанската комора на Македонија.

Златко Калеников од Сојузот на стопански комори на Македонија смета дека повлекувањето на овие средства е добра антикризна мерка и дека парите ќе бидат повлечени за еден до два месеца.

Кредитната линија од 50 милиони евра се надоврзува на претходно реализираниот проект од 100 милиони евра финансиска поддршка за малите и средните претпријатија со кој се финансираа над 300 проекти и се отворија над 2.000 работни места.

Ставрески: Зголемување на даноци нема да има!

Запрашан дали Владата има план да ги зголемува даноците, министерот за финансии Зоран Ставрески одговори дека Владата нема да им наштети на стопанствениците на таков начин.

- Во нашата програма нема предвидено зголемување на даноци, ниту пак прогресивно оданочување. Сметаме дека е тоа лоша политика посебно во вакви времиња кога во економијата во Европа и во светот се случуваат кризни ситуации. Зголемување на данок не е добро и тоа би ги донело многу претпријатија во Македонија до пропаст, истото важи и за прогресивен данок кој на некој начин е зголемување. Остануваме на тоа дека нема да има никакви промени. Наспроти предизвиците што ги имаме како државава, тоа што го имаме ветено на стопанствениците во нашата програма, така и ќе остане, Македонија ќе остане со најниски даноци во Европа - потенцира Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik