Swiss Wood Flooring Solutions инвестира 5 милиони евра во Кичево

Bez autora
Mar 16 2016

Компанијата Swiss wood flooring solutions од Швајцарија која произведува паркет и други дрвни производи, донесе одлука за инвестирање во технолошко – индустриска развојна зона во Кичево, по двегодишни преговори со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Одлуката беше презентирана на средбата во Берн помеѓу директорот на Агенцијата за странски инвестицииа, Висар Фида и Алан Боли, претставник од компанијата. Планирано е првично да се изгради објект од 2.500 м2, каде што ќе бидат вработени 30 работници, а за целиот инвестицискиот циклус компанијата планира да отвори 110 нови работни места, со вкупна инвестиција од 5 милиони евра.

Swiss Wood Flooring Solutions инвестира 5 милиони евра во КичевоКомпанијата Swiss wood flooring solutions од Швајцарија која произведува паркет и други дрвни производи, донесе одлука за инвестирање во технолошко –индустриска развојна зона во Кичево, по двегодишни преговори со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Одлуката беше презентирана на средбата во Берн помеѓу директорот на Агенцијата за странски инвестицииа, Висар Фида и Алан Боли, претставник од  компанијата.

Планирано е првично да се изгради објект од 2.500 м2, каде што ќе бидат вработени 30 работници, а за целиот инвестицискиот циклус компанијата планира да отвори  110 нови работни места, со вкупна инвестиција од 5 милиони евра.

„По неколку посети во Македонија од страна на компанијата Swiss wood flooring solutions да се најде соодветно место за реализација на  инвестицијата беше одбрана технолошко-индустриската развојна зона во Кичево", рече директорот на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида.

„Овој проект ќе помогне во намалувањето на невработеноста, особено за населението во регионот на Кичево. Оваа компанија, исто така, ќе помогне да се зголеми довербата на другите компании од Швајцарија да го следат нивниот пример. Ќе помогне во создавањето на индиректните вработувања преку поврзување со домашни компании кои  ги нудат своите услуги во исто време и  за растот на извозот од Македонија“, рече директорот на „Invest Macedonia ".

Компанијата  на почетокот ќе произведуваа производи од дрвната индустрија со многу висок квалитет, паркет и други специфични производи од дрво, производи кои ќе се извезуваат главно на швајцарскиот пазар и во други земји во Западна Европа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik