Македонските земјоделци, инвестициите во софтвер за управување со производството ги сметаат за луксуз, а не за неминовност. Само 150 фарми во моментов ги користат услугите на „Дата лаб“, информатичка компанија, која на македонскиот пазар го промовира „Пантеон фарминг“, деловно-информатичкиот софтвер за мали и средни претпријатија. Иако паметното управување со земјоделството е веќе практика насекаде во светот, употребата на технологиите кај нас бавно го пробива патот. И покрај континуираната државна финансиска помош, земјоделските површини не се зголемиле во последните 10 години, а добар дел од културите целосно исчезнале од македонските ниви.
Македонските земјоделци, инвестициите во софтвер за управување со производството ги сметаат за луксуз, а не за неминовност. Само 150 фарми во моментов ги користат услугите на „Дата лаб“, информатичка компанија, која на македонскиот пазар го промовира „Пантеон фарминг“, деловно-информатичкиот софтвер за мали и средни претпријатија.
Иако паметното управување со земјоделството е веќе практика насекаде во светот, употребата на технологиите кај нас бавно го пробива патот. И покрај континуираната државна финансиска помош, земјоделските површини не се зголемиле во последните 10 години, а добар дел од културите целосно исчезнале од македонските ниви.
За да се обезбеди иднина и конкурентно и прецизно производство, кое ќе биде извозно ориентирано, домашните производители мора да размислуваат за воведување модерни решенија, кои ќе им обезбедат поголем квалитет и квантитет, а намалување на трошоците и употребата на хемикалии.
„Пантеон фарминг“ ги покрива сите потреби за информации во сточарското, градинарското, полјоделското производство и во винарството. Обезбедува информации за секој дел од производството, а праксата на „Дата лаб“ со досегашните клиенти покажува дека земјоделците го подобриле резултатите во работењето, а со правилно планирање значително ги намалиле трошоците.
„Менаџирањето на фарми со софтверски решенија е пракса во европските земји. Искуствата велат дека и во Македонија навремениот увод во посевите и информациите за настаните на фармите обезбедува повисок квалитет на храната. Нашето земјоделство е на прагот на трансформација во модерно, а користењето технологија ќе значи поголема конкурентност и намалување на трошоците“, вели Ема Тошевска, директор на „Дата лаб“.
Според Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија, терминот прецизно земјоделство е одамна дефиниран во западните земји, а подразбира дигитално обезбедување навремени, точни информации врз основа на кои земјоделците би носеле правилни одлуки во однос на своето производство.
„Потенцијалот на македонското земјоделство се' уште не е целосно искористен и покрај традицијата, поволните климатски услови и државната поддршка воведена од 2007 година. Субвенциите помогнаа земјоделците да опстанат во времето на кризата, но не беа развојна компонента“, вели Ристовски.
Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година површината на македонското земјоделско земјиште била 1.264.000 хектари што е на исто ниво како во 2005 година. Притоа, вкупно 44,2 отсто или 513.000 хектари биле обработливо земјиште што е 8,4 проценти помалку во однос на 2005 година.
„Производството на пченица се сведе на 201.000 тони што е 37 отсто помалку, на пченката на 133.000 тони со намалување од 11 отсто, а кај сончогледот се забележува блага тенденција на пораст по неговото скоро исчезнување. Тутунот задржа стабилно ниво со одредени осцилации зависно од неговата конјунктура на светскиот пазар, според која во 2015 година достигна 24.000 тони или за 3.700 тони повеќе од 2006“, информира Ристовски.