Македонските компании, приватните инвеститори, општините, експертите и надлежните институции, со финансиска поддршка од европските фондови треба да почнат да работат на реализирање на идејата за отворање технолошки паркови. При тоа, општините ќе ја имаат главната улога, односно тие ќе ја утврдуваат висината на даночните и царинските ослободувања, видот на концесиите и слично. Технолошките паркови би функционирале како бизнис-инкубатори или деловно-технолошки акцелератори, што значи дека би биле насочени за потребите на други поголеми компании. Технолошките паркови се од голема важност за опстанок и раст на современите индустрии. Тие ги поттикнуваат малите и средните компании кои се ориентирани кон високи технологии, ги развиваат стартап-бизнисите и современото претприемаштво, а тоа води кон зголемен раст и извоз, намалување на невработеноста и повисок стандард.
Македонските компании, приватните инвеститори, општините, експертите и надлежните институции, со финансиска поддршка од европските фондови треба да почнат да работат на реализирање на идејата за отворање технолошки паркови.
При тоа, општините ќе ја имаат главната улога, односно тие ќе ја утврдуваат висината на даночните и царинските ослободувања, видот на концесиите и слично. Технолошките паркови би функционирале како бизнис-инкубатори или деловно-технолошки акцелератори, што значи дека би биле насочени за потребите на други поголеми компании.
„Технолошките паркови се од голема важност за опстанок и раст на современите индустрии. Тие ги поттикнуваат малите и средните компании кои се ориентирани кон високи технологии, ги развиваат стартап-бизнисите и современото претприемаштво, а тоа води кон зголемен раст и извоз, намалување на невработеноста и повисок стандард“, изјави на вчерашната прес-конференција, Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори, кој ќе ја достави до надлежните предлог-иницијативата за отворање технолошки паркови во Македонија. Алексов информира дека за иницијативата се веќе информирани некои институции, а интензивно се разговора со поголеми ИТ-компании.
„Разликата меѓу технолошките паркови и технолошко-индустриските развојни зони кои веќе ги има во државава, е и во тоа што за многу кусо време се враќа вложената инвестиција. Едно евро во иновација, на среден рок прави поврат од најмалку 15 евра. Цениме дека Македонија треба да се насочи кон етаблирање на вакви паркови кои ќе привлечат домашни и странски инвеститори. Во парковите доминираат знаењето и иновативноста, за сметка на суровините, енергијата и физичката работна сила“, истакна Алексов, додавајќи дека со примената на нови технологии (микроелектроника, биотехнологија, наноматеријали, генетски инженеринг...) се менува начинот на производство и се зголемува продуктивноста на трудот.