Во втората половина на годината во новата индустриска зона, која ќе биде сместена на површина од 400.000 квадратни метри, ќе почне изградба на производствените хали на компанијата „Веибо“, во која ќе бидат вработени 5.000 работници што ќе произведуваат текстилни производи наменети за извоз. Првите реализирани извозни зделки се очекуваат веќе идната година. Менаџментот на компанијата е задоволен од амбиентот за инвестирање во Македонија и од поддршката на Владата и смета дека нивниот докажан концепт е вистински рецепт за успех.
Во втората половина на годината во новата индустриска зона, која ќе биде сместена на површина од 400.000 квадратни метри, ќе почне изградба на производствените хали на компанијата „Веибо“, во која ќе бидат вработени 5.000 работници што ќе произведуваат текстилни производи наменети за извоз. Првите реализирани извозни зделки се очекуваат веќе идната година.
Менаџментот на компанијата е задоволен од амбиентот за инвестирање во Македонија и од поддршката на Владата и смета дека нивниот докажан концепт е вистински рецепт за успех.
„Одлучивме да реализираме инвестиција во Република Македонија во вредност од 400 милиони долари, која ќе обезбеди вработување на над 5.000 работници во интегрирана текстилна индустриска зона. Успехот на нашата компанија е базиран на поврзување на снабдувачкиот канал со маркетингот, од суровина до производство и од дизајн до продажба и маркетинг“, вели Селчук Алперин, директор на групата „Веибо“
„Веибо“ вработува 14.400 лица и има фабрики во три земји. Од зоната во Македонија за 5 години се очекува вредноста на извозот да достигне меѓу 600 и 800 милиони долари.
Има фабрики во Народна Република Kина, Турција и во Kамбоџа. Тие имаат голем успех, имаат околу 2.900 продавници и ова е нешто што навистина функционира на вистинскиот начин и најважно е што е со успех. Задоволен сум што оваа компанија одлучи нивната следна инвестиција да биде во Република Македонија, истакна премиерот Никола Груевски при посетата на градот Гвангжу, последната дестинација од азиската турнеја на владиниот економски тим.